7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Матичните лекари повторно на штрајк, се примаат само итни случаи

Матичните лекари денеска повторно го активираат штрајкот, ќе прегледуваат само пациенти кои се итни случаи и нема да работат преку системот „Мој термин“. Штрајкот е по две недели по предупредувачкиот прекин на работата.

Барањата на матичните лекари се покачување на капитациониот бод барем на 75 денари од ветените 95 за да можат да се справат со сите покачени трошоци, бараат укинување на казните за пропишување лекови по истечен извештај од специјалист и менување на правилниците за работа, а на листата додадоа и да не се бара акредитација на амбулантите оти веќе биле акредитирани од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од Министерство за здравство, од Лекарска комора и од Фондот за здравство и да не се врши никаква активност за Агенцијата за заштита на лични податоци од каде им побарале по 15.000 денари за да ги обучат како да ги чуваат здравствените картони.

Управниот одбор на Здружението разгледувал повеќе начини за штрајк. Имало предлози ординациите да ги затворат на пет дена, но овој пат, одлучиле да ја прекинат работата само на еден ден, како и пред две недели, а за следите чекори дополнително ќе одлучуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прилепски ученици го поставија, албански планинари го симнаа македонското знаме од Кораб

Пела Редакција

На барање на младите Крушево ќе добие „ин-аут“ кино

Патиштата се различни, целта е една!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе