7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Прво обрајќање на новоизбраниот Пачешкоски во јавност, па кај најбројното гласачко тело, пензионерите

На првото прставување во јавност како претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски им се обрати на најголемото гласачко тело, пензионерите, во кое само повторил што нудат владините мерки за пензионерите. Со оглед на тоа што не присуствуваа медиуми и медиумски работници,  на неговото прво обрајќање до прлепската јавност, голем број прашања остануваат не одговрени. „Колку пензионери има Прилеп?„ Како пензионерите во Прилеп живеат?„ Со кои тешкотии се соочуваат во локалната заедница ?„ итн… Како и да, Пачешкоски ја дал следната изјава:

 

„Во време на економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ ги поддржува пензионерите преку зголемување на пензиите. Благодарение на СДСМ со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од септември 330 илјади пензионери во просек ќе добиваат по 900 денари повеќе на своите сметки. Пензиите ќе се усогласуваат како збир од 50% од порастот од трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата во државата.

Како што се зголемуваат трошоците за живот, така ќе растат и пензиите. Како што се зголемува просечната плата во државата, така ќе се зголемуваат и пензиите. Во септември пензионерите ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите!

Како дел од антикризните мерки за месеците април, мај и јуни секој пензионер на својата пензија ќе добие плус илјада денари, или вкупно 12.000 денари повеќе за оваа година. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, докажува дека навистина се грижи за пензионерите, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кое на пензионерите им делеше ваучери за скијање„ – информираа от  Центар за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп

Ианку, новоизбраниот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски  одржал средба со претставници на Здружението на пензионери од Прилеп, на која разговараал за зголемувањето на пензиите и новите Владини антикризни мерки за помош на пензионерите.

 На средбата, покрај претседателот на Општинската организација на СДСМ, Пачешкоски, присуствуваа и советниците во Советот на општина Прилеп, Моника Грашеска Илиеска и Александар Китаноски, како и претставници од партиската комисија на СДСМ Прилеп за социјални работи, Дејан Тошески и Игор Кондоски.

 

Би можело да ве интересира

Сугарески објави кандидатура за градоначалник на Прилеп

Елизабета Филипоска

Кандидатите за градоначалници на Прилеп го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Гордана Цветаноска

Филипче и Јованоски отворено со граѓаните: „Го зголемивме животниот стандар, реализиравме многу проекти„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе