7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Одлучено! Ќе се чисти општинската зграда!

Утре, ќе се чисти општинската зграда. Општината ги повикува граѓаните да учествуваат, во, како што велат тие „акција во чистење на општинската зграда за да го вратиме нејзиниот изглед„

 

 

Штетата на општинската зграда беше направена за време на „Шарената револуција“.  За време на „Шарената револуција„ 2016 година,   зградата на ЕЛС Општина Прилеп беше опсипувана со мрсни бои од страна на учесниците на протестите и остана да стои ишарена повеќе од 4 години. Тогаш протестантите се повикуваа  на оставка на тогашниот претседателот Ѓорге Иванов, бараа повлекување на неговата одлука за аболиција и откажување на изборите на 5 јуни. Тие со свирежи по улиците, со скандирање пароли „Нема правда, нема мир!“, „Готови се!“, „Лопови!“, го изразуваа своето незадоволство колку од централната, толку од тогашната локалната власт.

Протестите завршуваа најчесто со фрлање на  јајца и боја врз општинската зградата.

 

Би можело да ве интересира

Одводен канал за атмосферска вода – нов значаен инфраструктурен проект на ЈКП В и К

(Видео) Градоначалникот Јовчески со новогодишна порака до граѓаните на Прилеп

Пела Редакција

Не’ донесоа на рaбот на животот – пензионерските протести продолжуваат

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе