7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Думбалоски: Ракавицата е фрлена! Штрајкот ќе трае се додека Владата не ги прифати предлозите на СОНК

„Штрајкот во образованието и детските градинки ќе трае се додека Владата не излезе со предлог, а членството на СОНК  не се сложи во нивната понуда . Ракавицата е фрлена кај Владата „ – Златко Думбалоски, Претседател на Регионалниот одбор  на СОНК – Прилеп,  за општините: Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево.

Думбалоски : „Ова е втори ден од штрајкот што во училиштата и градинките и во него денеска се вклучени 100% од колегите во училиштата и градинките од регионот…„

Думбалоски: „Нема притисоци врз штрајкувачите…“

(Дали генералниот штрајкот е на штета на учениците?) Думбалоски: „ За тоа дополнително ќе се одлучува..„

Но, дури и вечерва да има средба со претставници од Владата и да има согласност, ќе треба предлозите да одат во процедура кај членството и да добијат овластување за евентуален прекин на штрајкот или одбивање на предлогот… Процедурата мора да се запази и тоа бара време – велат од СОНК,што значи и утрешниот ден ќе остане со празни клуп, без ученици!

 

Инаку, СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата, односно за 18, 4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе се зголемува минималната плата.  Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ја реализира најавата за генерален штрајк во градинките, основните и средните училишта, откако Владата го одби нивното барање за усогласување на платите во просветниот сектор.

 

Би можело да ве интересира

Денот на независноста – некогаш, и денес (АУДИО)

Гордана Цветаноска

Ирена Јакимоска – жена на чело на ФК Победа

Елизабета Филипоска

Посета на Заев

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе