7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Даниела Перканоска од Авто Контрол меѓу најуспешните жени менаџерки во Македонија

Вкупно 20 успешни менаџерки и бизнисменки ќе бидат дел од годинашната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ која агенција „Марили“ традиционално веќе 26 години по ред ја организира како поддршка на жените и нивните заложби за водење успешен бизнис. Меѓу најуспешните од Македонија и регионот е Даниела Перканоска, генерален менаџер на Авто Контрол Прилеп, која со контиунуиран успех ја води и развива компанијата, и е една од ретките менаџерки што ќе се закити со ова престижно признание, а работи надвор од главниот град.

Наградени ќе бидат:

1 Анита Ангеловска-Бежоска, специјална награда за успешно водење на монетарната политика во државата во услови на криза

2 Филомена Пљаковска Аспровска, главен извршен директор на Интернационален Картичен Систем АД Скопје

3 Наташа Паунова Блажевска, генерален менаџер на „Л&Н&Т Диагностик“ – Скопје

4 Билјана Божиновска, генерален директор на ПЗУ Аптека „Анни фарм“

5 Ана Марија Вуковска, извршен директор на Property One Real Estate – Скопје

6 Татјана Узунова Георгиевска, генераен менаџер на „3Д проект студио“ – Скопје

7 Марина Данева, финансов менаџер на „Апаве СЕЕ“ – Скопје

8 Вилма Учета Дузлевска, генерален менаџер на Триглав Осигурување Живот АД Скопје – Скопје

9 Шемса Емшериев, генерален менаџер на „Еуростеп“ – Скопје

10 Татјана Коловчевска, управен директор на „Леорон“ – Дубаи

11 Даниела Ташевска Малева, генерален менаџер на „Еуроинг“ – Гевгелија

12 Даниела Перканоска, генерален менаџер на „Авто Контрол“ – Прилеп

13 Светлана Пљакоска, управител на „Олимпиа Mоторс“ и „Олимпиа Моторс Аутлет“ – Скопје

14 Марија Рангелова, менаџер на маркет во „Веро центар“ – Скопје

15 Весна Стојановска, генерален директор на КБ Прво пензиско друштво

16 Меланија Тодорова, носител на брендот „Кубус“ и менаџер на „ЦБС Проект“ – Скопје

17 Олгица Илоска – постхумно наградена за долгодишно успешно менаџирање со хотелот „Инекс Олгица“ и поддршка на жените во бизнисот

18 Слаѓана Петровиќ, автор на проект „НАЈжена и НАЈмушкарац 21.века“ – Белград, Србија

19 Едита Даутовиќ, сопственик на „Милениум“ – Подгорица и претседател на Здружение на претприемачи на Црна Гора

20 Гордана Николиќ, основач и декан на Висока бизнис школа ПАР – Риека, Хрватска

Изборот и оваа година е направен главно од приватниот сектор, од успешни компании од различни области и дејности. Притоа се почитувани препораките добиени од соработници и деловни партнери, но е почитувана и личната согласност на менаџерките да бидат дел од овој избор. Овој пат,изборот е  проширен  така што во 20 најуспешни имиња , има три кои се менаџерки од регионот. На најуспешните менаџерки ќе им бидат доделени статуетки „Жена водилка“, изработени по дизајн на македонскиот вајар Никола Смилков

Доделувањето на наградите ќе се одржи во Охрид на 28 ми мај, кога агенцијата „Марили“ организира и Бизнис Форум, кој, исто така има регионален карактер. На форумот насловен „Современа бизнис раскрсница“ преку четири панел сесии ќе се говори за воспоставување економски баланс во услови на турбулентна средина, за јакнење на капацитетите на индивидуата преку различни форми на личен менаџмент, ќе се согледа женското лидерство низ призмата на емоционалната интелигенција и ќе се даде фокус на грижата за менталното здравје и убавината.

Би можело да ве интересира

Интернационалецот Горан Кузманоски – Таста новото засилување на битолски „Еурофарм Работник“

Елизабета Филипоска

Пчеларите да внимаваат – ќе се прска против комарци во Општина Долнени

Гордана Цветаноска

Движењето „Ние сме Македонија“со протести во повеќе градови во светот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе