11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Безбедносната состојба во Прилеп клучна точка на дневен ред на прилепските советници

Поставувајќи ја последната точка од дневниот ред “Безбедносната состојба на подрачјето на Општина Прилеп„ , меѓу првите точки за дискусија, претседателот на Советот на Општина Прилеп,  Дејан Проданоски на денешната седница на Советот на Општина Прилеп, поттикна низа дискусии кај владеачкото мнозинсто на говорница кое генерално преку примери даваше констатации дека безбедносната состојбата во Прилеп е крајно лоша  и, „како што рече еден од советниците, „крајно драматична“, односно „Прилеп е црна хроника број еден во Македонија„

Дискусиите се одвиваа во присуство на командирот на ОВР – Прилеп и началникот од криминалистичкото одделение при СВР Битола и порпаролот на СВР Битола,укажаа на методологијата и анализите кои ги прават за утврдување на безбедносната состојба и изнесоа податоците за работењето на полицијата за последните пет месеци и акциите кои полицијата ги спроведила за одржување на безбедноста на граѓаните, за намалување на криминалитетот и сообрајќаните прекршоци, истакнувајќи при тоа дека безбедносната состојба во Општина  Прилеп е добра и стабилна.

Во насоки на посочување на низа аномалии и насилни ситуации во Прилеп од безбедносен каратер,  советниците од ВМРО ДПМНЕ го спменаа нарушувањето на јавниот ред и мир во некој населби каде што тие живеат, ги споменаа двете кражби во Еурокомпозит – Прилеп, каде беше одземено оружје од магацинскиот простор и прашаа дали е пронајдено тоа оружјето; ја посочија масовната тепачка на млади пред прилепски локал и прашаа дали полицијата открила кој се насилниците и нивниот мотив; го споменаа насилството во градската болницата кога лекар специјалист беше нападнат од врабтени , како и нападот на едно лице пред болницата од страна на група и прашаа како тоа видео од безбедносните камери на оваа институција стигнало во јавност; посочуваа за неколку физички напади врз лица во Тризла во последниот месец, говореа за одземената марихуана во вредност од 300 илјади денари, за дрвократството, за користењето на неисправни автомобили при пренос на украдени дрва и сообрајќаниот ризик што тие го прават во населбата Тризла, за безбедносната состојбата во населните места, каде еден од советниците посочи дека „Полициски патроли доаѓаат само ако има поплаки од граѓаните,никако поинаку“ ,аа не ажурноста на полициските службеници итн …Се надоврзаа и за изминстиот период кога беше уапсен екс – полицискиот командир во Прилеп поради нелегално пренесување на дрога, посочувајќи, наводно, и криминални дејствија кои ги обавувала полцијата преку вибер комуникација за време на избори итн…

Опозицијата, пак, поставувањето на ова точка за безбедносната состојба во Прилеп ја нарече „дефокусирање на јавноста за одвлекување од вистинските намери на локалната власта за изгласување на останатите предлог- одлуки од дневниот ред на седницата, каде е предложемо покачување на цени на услуги„.

Моника Илиоска, координатор на Советничката група на СДСМ, дискутирајќи на оваа тема , сепак, констатира дека  безбедносната ситуацијата во Прилеп не е на завидно ниво , нарекувајќи ја „болест“ ама вината за ваквата состојба во Прилеп

рече таа, не треба да се бара во полцијата „туку во сите нас кои заедно треба да се избориме да изнајдеме начин како да создадме подобар , посигурен град. И,  јас се плашам кога моите деца одат во „Калипсо“. Страшно се плашам! Но, сета полиција да ја донесеме во овој град нема да се спречи оваа декаденција која ја имаме во Прилеп,  затоа потребно е да вложуваме повеќе, пример во спортот, за нашите деца да се бават со квалитетни активности, а полицијата секако треба да биде поприсутна на улиците, бидејќи тоа значи поголема сигурност„- рече таа

Советниците од ВМРО ДПМНЕ побараа воведување на реонски полицајци, поголема полициска контрола во градот и населените места, за да не дојде до посериозни и несакани последици  по безбедноста на граѓаните и как заклучок побараа смена на командирот на ОВР – Прилеп, Дарко Цуцулоски, не усвојувајќи го при тоа извештајот за безбедносната состојба на подрачјето на Општина Прилеп, што го достави командирот. Претседателот на Советот, побара заклучокот од 12 -та седница на Советот на Општина Прилеп за безбедносната состојба на подрачјето на Општина Прилеп да се достави и до Министерот за Внатрешни работи.  За овој заклучок советниците од СДСМ гласаа против.

На дел од  седницата советничката група од СДСМ реагираа и на предлог одлуките кои се однесуваа на покачување на цената на услугите во старскиот дом, за регулирање  на цената на пракинг просторот, за зголемување на цената на комуналните такси, надоместоците за поставување урбана опрема, фирмарина., посочувајќи дека локалната власт со намерата за покачување на цените на дел од услугите не им излегува во пресрет на граѓаните.

Но, за корегирање на цените на услугите во старскиот дом  претседателката на комисијата за финансирање и буџет, Ирена Стерјоска Локванец и координатор на советничкта група на ВМРО ДПМНЕ ја посочи економска оправданост од оваа одлука и потребата на домот за рентабилно работење, при тоа наведувајќи ја и оправданоста за регулирањето на  цената за користење паркингот  простор, во ндеостиг на паркинг зона А за паркирање .

На денешната седница со мнозинство гласови беа прифатени одлуката i за проширување на средствата на буџетот на ЕЛС Општина Прилеп за 2022 година , одлука за определување на локалитет за организирање на “Фестивал на пивото – 2022 кој ќе се одржи од 14 до 17 јули; советниците дадоа виза на одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2022 година,  виза за годишни планови за вработување за 2023 година за училиштата „Кочо Рацин” – Прилеп, „Круме Волнароски”с. Тополчани, „Климент Охридски”, „Кире Гаврилоски-Јане”,  музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка”, „Рампо Левката“, Гимназијата „Мирче Ацев”.

На  крајот,  од 6 часовната дискусија на советницте, одлукатите кои беа поставени на дневен ред беа усвоени , генерално, со позитивното гласање на владеачкото мнозинство во Советот на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Утре, четврток, без електрична енергија три прилепски села

AMC : Објавена е листата на спортски клубови кои ќе имаат ваучер за 2023 година (ФОТО)

Никола Димески

Роденденот на Гоце Делчев во Прилеп се слави со песна (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе