ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ќе се спроведува третата фаза на дезинсекција во општина Прилеп

383

На територијата на Општина Прилеп во деновите 23 и 24 јуни 2022 година во периодот од 7 до 13 часот екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведува третата фаза од ларвицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци.

„Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени водени површини т.е места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течението на градската река, делови од Дабнички канал, Селечка река, област Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езерца, област Ѓумушица, Сарика, како и водени површини во населените места Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари.

Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот ден, “ стои во соопштението на Центарот за јавно здравје Прилеп.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: