15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Викенд фестивал на краток филм “Winter Apricots” на Могила

Фестивалот на краток филм “Winter Apricots”, кој веќе 6 години се одржува во Прилеп, овој викенд организира филмски проекции во Паркот на Револуцијата.

Во амфитеатарот на “Могила“, овој Петок (24.06) и Сабота  ( 25.06) со почеток од 20:30 часот ќе биде прикажана колекција од најинтересните филмови од претходните две изданија.

Во Петок на 24-ти, ќе бидат прикажани филмови од 5-тото издание на фестивалот ,за жал се одржа само во онлајн формат во 2020-та година, ,а во Сабота ќе биде прикажана селекција на филмови од ланското, 6-то издание на фестивалот.

За крај на настанот, во Сабота после филмските проекции, со почеток од 22:00 часот ќе се одржи концерт на битолскиот изведувач и кантавтор Дејан Марковски. Карактеристично за настапите на Дејан се неговата несекојдневна енергичност, како и изведувањето на композиции на повеќе странски јазици.

Би можело да ве интересира

За Прилеп годинава нема средства за капитални проекти за култура

Пела Редакција

Започнува десетто издание на Интернационалниот филмски фестивал „Винтер Априкотс“ во Прилеп

Прилепчанецот Ацески награден за најдобра фотографија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе