7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Новаци одлучи прерпаспределба на буџетото за 2018

Советниците во советот на општина Новаци  ја одржаа деветтата седница на која имаа околу петнаесеттина точки на дневен ред. На  седница беше донесена одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Новаци за 2018 година, за проширување на средствата на буџетот на општина Новаци за 2018 година, за одобрување на средства за реновирање на кровот и дел од просториите на амбулантата во с.Бач.  Исто така, беше донесена измена и дополнување на одлуката за формирање на работна група за следење, мерење, обработка и доставување на податоци до РСБСП и предлог измена на програмата за санација, одржување на полски патишта и чистење на земјените канавки покрај локалните и полски патишта во општина Новаци .

На седницата советот донесе и неколку други одлуки за потребите на жителите : одобрување на средства за исплата на  ракувачот на ровокопачот, барања  од Планинарското друштво ,,Медикус,, Битола за донација за маршот Мариово 2018, финансиска помош за Здружението на еднородителски семејства „ДЕЛ од СИТЕ Битола и неколку барања за финансиска помош на физички лица заради лекување. На седница советниците  донесеа и неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко-планска документација за селата Долно Орехово и  Добромири.

Би можело да ве интересира

Белиот Сивец мермер сеуште највисоко котира по својот квалитет во светот

Гордана Цветаноска

Боево гаѓање: Леково забранета зона, вторник и четврток

Гордана Цветаноска

Два активни пожари во прилепско

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе