11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Превенција „Безбедно лето 2022“ во Прилеп, пронајдена дрога, приведени 19 мaлолетници

При реализација на превентивната активност „Безбедно лето 2022“ во Прилеп на полицијата, пронајдена дрога, регистрирано точење на алкохол на малолетници, информираат од СВР Битола – ОВР Прилеп.
„На 09/10.07.2022 во периодот од 23.00 до 03.00 часот на подрачјето на Прилеп, во рамки на превентивната активност „Безбедно лето 2022“, беше извршена контрола низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на малолетници. За време на контролата кај А.Ч (26) и И.Д.(29), двајцата од Прилеп беше пронајдена марихуана. Тие беа лишени од слобода и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција, Сообраќајна полиција, во содејство со Полициската станица од општа надлежност во Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп извршена е контрола во угостителски објекти во Прилеп, при што беа приведени 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај 5 било констатирано присуство на алкохол. Приведено е и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно чл.204 од Кривичниот законик. При контролата бил констатиран и прекршок за неносење на документ за идентификација, “ стои во информацијата.
Контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави, посебно кај младата популација, посочуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Министерот за земјоделство во Прилеп, локалните новинари и земјоделски здруженија не беа пожелни на средбата?!

Гордана Цветаноска

Д-р Кузевски: Со криење на контактите нема да го спречиме ширењето на вирусот! (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Прилеп го чествува патрон празникот на градот – свечена божествена литургија во црквата Свето Благовештение (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе