1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

За 7 часа контрола во Прилеп санкционирани 34 возачи

Мобилната полициска единица за безбедност на сообраќајот на патиштата изминатата ноќ, (23/24.07.2022)  во периодот од 21 до 4 часот ,  спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, при што се санкционирани 34 возачи.
Од нив, како што информираат од  МВР, 12 возеле без возачка дозвола,  а 10 управувале возила под дејство на алкохол, при што 27 возачи се исклучени од сообраќај.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта –  се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Изгореa плевна и земјоделски машини на житошанец

Гордана Цветаноска

Ги следеле со автомобил, па ги нападнале

Релативно мирна новогодишна ноќ на подрачјето на Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе