7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Водата во долненско се повлече, се бројат штетите

Невремето во неколку села во долненско синоќа, предизвика поплава на домови, визби, а има штети и на земјоделските насади. Најкритична состојбата беше во Лажани, Дебреште и Житоше, особено во с. Лажани каде поголем дел од селото бил под вода. Денеска веќе состојбата се нормализира во однос на електро и водоснабдувањето. Според Урим Ибески, градоначалник на општина Долнени со кого разговаравме во програмата Радио што се гледа, биле вклучени екипи за помош на населението и евакуација и санирање на штетите:

– Во текот на вчерашниот ден имаше силни поројни дождови во нашата општина каде што беа зафатени големи поплави во населеното место Лажани, а истото се случи и во Житоше и во Дебреште, но од поголем размер беа поплавите во Лажани. Причината беше поројниот дожд и неможноста, коритото на Саждевска река да ја апсорбира целата количина вода. Ние во текот на вчерашниот ден бевме на терен заедно со екипи на локалната самоуправа, поддршка добивме и од Дирекција за заштита и спасување и противпожарната служба од Прилеп. Интервениравме во текот на вечерните часови. Водата се повлече во речното корито. Настанаа поголеми штети на домовите, живеалиштата кои се во близина на реката. Околу 50 до 60 куќи се поплавени, подрумите и објектите кои се покрај речното корито. Денеска, екипите и комисијата која што е формирана за проценка на штета, се на терен, да ја констатираат ситуацијата каква е, потоа ќе се направи проценка, а ќе бараме помош и од надлежните органи да ни излезат во пресрет.

Освен во домовите настаната е штета и на земјоделските култури. Комисијата која што е на терен ќе ја утврди штетата, и со барање од населението кое има претрпено штети, комисијата ќе работи и ќе се постапува согласно законот. Во текот на утрешниот ден може секој граѓанин кој што има претрпено штети да поднесува барање за увид и утврдување на состојбата, рече Ибески во телефонски разговор за Радио Пела.

Барањата за проценка на штети на домовите и на земјоделските култури се поднесуваат до општина Долнени.

Би можело да ве интересира

Промоција на нова книга за деца од Лина Димоска

Пела Редакција

Бочварски: новиот автопат Прилеп – Битола започнува со изградба во април

Пела Редакција

„Дури и глувците одат во рајот“-утре на пладне во кино Мис Стон

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе