7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Фото изложба на тема „Културното наследство на Општина Прилеп“

Во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, синоќа,  13.09.2022,  се одржa завршниот настан на проектот „Културното наследство на Општина Прилеп преку објективот на младите“ кој што Фото Кино Клуб „Прилеп“ го реализира со поддршка на Министерството за култура на РСМ. Беа изложени вкупно 50 фотографии од најзначајното културно наследство на Општина Прилеп кои ги изработија младите членови на Клубот. Претседателот на ФКК – Прилеп им додели и сертификати на учесниците кои активно учествуваа во проектните активности.

Основна цел на проектот „Културното наследство на Општина Прилеп преку објективот на младите“ е да ги продлабочи знаењата и вештините на учесниците од областа на архитектонската фотографија и културното наследство, но и како да ги искористат истите во насока на визуелно претставување и поголема промоција на Општина Прилеп.

Во рамките на проектните активности, учесниците имаа можност да посетуваат едукативна работилница, при што научија нешто повеќе за видовите и значењето на културното наследство на Општина Прилеп. Исто така, беше реализирана и работилница на тема: „Архитектонска фотографија“ каде што младите креативци ги усовршија своите вештини во процесот на креирање и едитирање на фотографии од областа на архитектурата.

Ваквите едукативни настани се од особено значење за подигнување на свеста кај младите за значењето и вредностите на нашето културно наследство, за развивање свест за грижа, заштита и промоција на културното наследство, како и за разбирање и почитување на културната разноликост.

Би можело да ве интересира

Изложба на најдоброто од 50 години Светска галерија на карикатура Скопје

Во пресрет на празникот 11 ти Октомври ќе биде отворена изложба во библиотека

Елизабета Филипоска

„ОБВИВКИ“- прва самостојна изложба на прилепчанецот Филип Цакоски

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе