ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тутунарите бараат: МЗШВ да ја утврди цената за килограм тутун, по примерот на оризопроизводството !

1.136

Тутунопроизводителите бараат пред крајот на производната сезона, а во пресрет на откупот, ресорното министерство да ја утврди реалната производна цена на тутунот, за да се добие просечна откупна цена со која ќе може да се покријат трошоците, и да се плати маката на тутунарите. Како што велат во писменото обраќање и барање до МЗШВ тоа, ресорното министерство треба да го стори по примерот на оризопроизводството, со цел да се зачува оваа земјоделска гранка која носи езгистенцијални средства за 30 илјади семејства, но и девизен прилив за државата. Во соопштението од новоформираните тутунски здруженија се вели:

Значи кога се сака,се се може!!! Човек може само да се чуди и крсти во оваа наша Македонија зошто се потребни толкав број на протести од страна на земјоделците за министерот и владата да сфатат дека решението на проблемите секогаш им се нуди бесплатно од вистинските земјоделци а не од партиски послушници.

Затоа ние новоформираните тутунски здруженија БАРАМЕ: По примерот со оризопроизводителите, министерството за земјоделство во пресрет на откупната реколта на тутунот да ја утврди производната цена за килограм тутун!. За таа цел ЈАВНО го повикуваме министерот да испрати барање до Институтот за тутун во Прилеп или до земјоделскиот факултет во Скопје катедра за тутун каде агроекономистите ќе ги утврдат реалните трошоци за производство на килограм тутун во оваа реколта. И таа цена зголемена за 30% да биде основа за утврдување на просечната откупна цена.

Сметаме дека ваков пристап треба да се преземе за сите земјоделски производи во државата ако сакаме да го зачуваме земјоделието и производството на храна. Само на ваков начин државата ќе покаже дека е на страната на земјоделците а не на страната на зелената мафија и само вака може да се избегне манипулација на производителите од страна на откупните компании и трговците во државата што неколку години наназад е најголем проблем кај земјоделците кои се принудени или своите производи да ги продаваат по цена пониска од производната или да ги фрлаат на буниште.

А за волја на вистината ,само да потсетиме дека ова е едно од барањата кое ги испративме до МЗШВ уште минатата година на состанокот одржан во Прилеп од страна на претставници на земјоделски здруженија од сите гранки во земјоделието. А ако сака министерот и владата да ја спасат државата од глад а со тоа и земјоделието како гранка не им треба да измислуваат топла вода и да состанчат со партиски земјоделци кои само климаат со глава,доволно е само да ги реализираат сите барања кои им ги испративме уште ланската година. МЗШВ И ВЛАДА,ГИ ИМАТЕ РЕШЕНИЈАТА,ВАШЕ Е САМО ДА ГИ СПРОВЕДЕТЕ!!!, стои во соопштението од новоформираните тутунски здруженија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: