7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Од први октомври поскапува водата, јавниот градски превоз и комуналните услуги

Од први октомври прилепчани ќе плаќаат повисоки суми за водата,  јавен градски превоз и комунални услуги. Ваква одлука беше донесена на вчерашната 15-та седница на Советот на општина Прилеп, која во историјата на одржувањето на седници на Совет на Општина Прилеп беше најдолгата седница која траеше  12 час – започна во 12,ооч, а заврши 24, 20ч, по полноќ

Советниците ги изгласаа точкитена дневен ред, а најмногу се задржаа на точките кои се однесуваа на покачувањето на цените за јавните комунални услуги.

Раководителие од јавните препријатија образложија дека се принудени да пристапат кон зголемување на цените на услугите, бидејќи јавните комунални претпријатија се во незавидна состојба и во неможност да функционираа, особено со зголемувањето на цената на електричната енергија и нафетните деривати

„ Во овој момент претпријатието се наоѓа во една незавидна состојба, единствено поради што е директно погодено од енергетската и економската криза. Корекција на цената на услугите кон граѓаните е за приближно 20 отсто. Таа е цена што е дадена од РКЕ за 2020 година “ – посочи Рубин Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“.

ЈКП „Комуналец“, пак, во просек за околу 60 проценти ги зголемува цените на комуналните услуги.

„ Секоја промена на цената е непопуларна мерка. Свесни сме за тешката финансиска состојба на жителите на општина Прилеп, како и бизнис секторот, но со секојдневното зголемување на пазарните цени, зголемувањето на цената на нафтените деривати, на цената на електричната енергија, цената на резервните делови, алати и машини што се користат во претпријатието доведени сме во ситуација да извршиме корекција на цените„ –  вели Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“.

Директорот на ЈП за ПУП Зоран Јовески, појасни  дека  состојбата на зголемените цени на метанот се рефлектира врз цената на јавниот градски превоз „и, сме принудени да извршиме корегирање на постојните цени„  истакна тој.

СДСМ Прилеп и пратеникот Талевски, упатија обвинување кон локалната власт за поскапувањата, и на седницата соетниците од опозицијата  реагираа дека во време на светска економска и енергетска криза, наместо помош кон граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните.

Од ВМРО ДПМНЕ возвратија „СДС наместо лицемерно да пишува соопштенија за новите цени на комуналните услуги во општина Прилеп, треба да даде одговори зошто нивната влада со месеци одбива да им излезе во пресрет на јавните комунални претпријатија.  Недозволуваат постување на фотоволтаици на ЈП„ велат во своето сооштението тврдејќи дека „доколку им излезе во пресрет на барањата на јавните комунални претпријатија цените на услугите ќе останат исти“.

Би можело да ве интересира

Пожарите во Мариово под контрола – активен е сеуште пожарот с.Дрен – с.Смолани

Пела Редакција

Утре, петок, без електрична енергија повеќе населени места

Пела Редакција

Центар за јавно здравје Прилеп ќе спроведува есенска превентивна дератизација

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе