ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

432

Кражбите на лични податоци со цел подигање на брзи кредити се чести во билтените на полицијата. Токму тоа го направиле двајца млади луѓе од Прилеп и Ново Село – украле туѓи лични податоци и земале брз кредит, пишува во полицискиот билтен.

Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финансиско друштво за брзи кредити, заедно со второпријавениот, А.Љ.(24) од Ново Село, претходно набавиле фотографија од лична карта на оштетеното лице, потоа ги злоупотребиле личните податоци на оштетениот и на негово име, и негова сметка, во четири наврати, подигнале кредит од правното лице во износ од 53.000 денари со затезна камата од 32.870 денари.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.М. и А.Љ. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци’’ и „фалсификување или уништување деловни книги’’. Кражбите на лични податоци со цел подигање на брзи кредити се чести во билтените на полицијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: