16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

„Star Wars & Makedonium“ со Зоран Кардула во Прилеп !!!

Вечер на елегантни цивилизирани креативни решенија, инспирирани од повеќедецениска сага „Војна на ѕвездите“ ќе се одржи во ЦСЛУ Прилеп со македонскиот графички дизајнер и сликар Зоран Кардула преку изложбата „Star Wars & Makedonium“ в понеделник со почеток во 20 часот.
Адмирал Акбар, овој пат не е во право, ова не е стапица и империјата навистина го возвраќа ударот, бидејќи силата е во слогата на локалната заедница. Центарот за современа ликовна уметност и заедницата ве покануваат на вечер на владеење на славниот витез Зоран Кардула и неговите елегантни цивилизирани креативни решенија, зачнати во култната и за многумина, омилена повеќедецениска сага „Војна на ѕвездите“.
Интерактивната трансформација, воедно е и музичка инспирација, а ќе има и интергалактичка дискусија и мини-гастрономска модификација во просториите на ЦСЛУ-Прилеп. За силата да остане со нас, освен ЦСЛУ-Прилеп и витезот Кардула, ќе се потрудат и Orengs со холограмите, Александар Џинго, Звонко Димоски, дуото ВолЧело, Трет Сектор и бродовите на Бавчика.
Ве покануваме да се појавите со вашите омилени ѕвездено-воени реквизити и модни додатоци, да ги споделите вашите омилени ликови и фрази, а сите витези да се појават со своите светлечки мечеви, посочува организаторот на оваа уникатна интеркултурна, музичка и гастрономска дружба .

Би можело да ве интересира

„ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ изложбата со дела од доајенот на  македонското сликарство, Родољуб Анастасов

Пела Редакција

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Време е за урнебесна комедија во Прилеп што не се пропушта – ПОБРЗАЈТЕ за ВЛЕЗНИЦИ да не го пропуштите шоуто

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе