5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Општина Новаци започна со планирање на Буџетот за 2023 година

Во присуство на шеесеттина жители на Општина Новаци, општинска администрација,  градоначалникот Стевче Стевановскимлади, пензионери, здруженија на граѓани и претставници на училиштето, градинката, Советот и комуналното претпријатрие, се одржа првата о д вкупно петте форумска сесии за планирање на Буџетот на Општина Новаци за 2023 година.

Целта е планирањето на Буџетот на општината за 2023 година да биде во  согласност со потребите  на жителите, на еден транспарентен начин да се утврдат приоритетите на жителите и согласно тоа да го испланира трошењето на граѓанските пари. 

Ваквите средби се одлична алатка за креирање на буџетот за 2023 година при што општината води сметка за потребите на граѓаните. Приоритет во идната година повторно ќе им се даде на инфраструктурните проекти , пред се’ уредување патната инфраструктура ( 4 краци до )Индустриската зона во Новаци, нејзино внатрешно инфраструктурно уредување, изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица за Добромири, пречистителна станица за Новаци, изградба на пешачка патека од Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, вложување во чиста енергија, фотоволтаици, искористување на биомаса, реконструкција на фасадата во ОУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци, развој на алтернативниот туризам, поддршка на младите, спортот и кутлурата “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

На првата форумска сесија беа истакнати интересни предлози од присутните како што се: изградба на санитарните јазли во ОУ „Славко Лумбарковски “ Новаци внатре во школската зграда, изградба на повеќе детски паркчиња, велосипедска патека, организирање на обуки за јакнеење на претприемачкиот дух кај месното население, проекти за грижа на старите лица и сл.

Работната атмосфера започна со презентација за  тоа што значи форумскиот процес, за да продолжи со општа презентација за буџетот на Општина Новаци, а градоначалникот Стевановски го презентираше стратешкиот развоен план и реализираните проекти во изминатата година како и приоритетите за 2023 година.

Би можело да ве интересира

Украс на Прилеп – парковите на ООУ “Климент Охридски”

Гордана Цветаноска

Прилепските гимназијалци во чест на Гоце Делчев изработија видео проект

Елизабета Филипоска

„Јас и моите пријатели “, изложба на Трендафиловски во Цепенков

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе