3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Вински салон во Битола, во организација на Слоу фуд Македонија

На големата сцена на Центарот за култура, утре, сабота, (3 декември) во Битола, од 17- 23 часот,  ќе се случи четвртото издание на SLOW WINE 2022- Вински салон Битола. „Се е подготвено и со нетрпение ги очекуваме гостите од цела Македонија,“ вели Николче Николовски, претседател на Слоу фуд Македонија во програмата Радио што се гледа .

Тоа ќе биде единствена можност на префинет начин да се дегустираат новите вина, дестилати кои доаѓаат од земјава, од различни вински региони.

Покрај тоа присутните ќе уживаат во музичка програма соодветно организирана за 6 часовниот настан во Центарот за култура, кој што ќе се одвива на две сцени. За Радио Пела Николовски потврди дека има огромен интерес за присуство и од винариите и од вљубениците во македонското вино:

Целта на овој настан е претставување на новата винска сцена во Македонија, која ја новиот бран од преку 70 млади винари што носат свежина, енергија и смела визија за нивните семејни винарии. Слоу Фуд Македонија избра фина селекција од винари и вина кои ќе ги претстави на ова издание на салонот.  Се најавуваат квалитетни и разновидни дегустации на 200 етикети на вино и дестилати, како и бројни деликатесни производи.

Би можело да ве интересира

Земјоделски проглас – бараме поддршка од сите, храната не е луксуз на богатите !

Реконструкцијата на градскиот стадион “Гоце Делчев„ е стопирана – нема фудбал на него ни оваа година

Елизабета Филипоска

Тошески: Корисниците на гарантирана минимална помош редовно да ги ажурираат податоците во АВРМ, бидејќи заврши кризната состојба со пандмијата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе