11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(17)

Пишува: Зоран Момироски

  • ЦРВЕН КАРТОН ЗА ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ И ЗА СОВЕТОТ, А ЖОЛТ ЗА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП  МУ ДОДЕЛИЈА ДОМАЌИНИТЕ НА ГРАДСКАТА СЛАВА СВ.НИКОЛА ГАЗДИТЕ НА ,,ТЕРАКОТА“ ГОРДАН БОШКОСКИ И КОСТА ТОШЕСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ НЕ ГИ САКАМЕ !!! И, ДА НЕ ДОЃААТ НА ПРОСЛАВАТА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО, ПОГОЛЕМА ШЛАКАНИЦА ОД ОВАА ЗДРАВЈЕ! ОВАА ВИСОКА ,,НАГРАДА“  МУ ЈА ДОДЕЛУВААТ ПОРАДИ  НЕДОСТИГОТ НА РАЗБИРАЊЕ  ЗА ПОТРЕБИТЕ И ПРОБЛЕМИТЕ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ ОД ГРАДОВ, И ОД КОИ  НАЈМНОГУ СО ПАРИ СЕ ПОЛНИ  БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА .ТИЕ МУ СЕ ЛУТИ НА ПРОДАНОСКИ И НА СОВЕТНИЦИТЕ ЗА ИГНОРАНТСКИОТ ОДНОС КОЈ ШТО ГО ТРПИ КОМПАНИЈАТА . СО НЕИЗДАВАЊЕТО НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДБА, И ТОА ЗА УРЕДНО ИЗРАБОТЕНА ГРАДЕЖНО ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА. ЗА БОШКОСКИ И ТОШЕСКИ ОВА Е КЛАСИЧНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ ИМ ГИ ДОВЕРИЛ НАРОДОТ НА ЛЕГАЛНИ ИЗБОРИ. НАМЕСТО ДА СЕ СООЧИ СО РЕАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ КОИ ГИ ИМААТ СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ  ДЕЈАН  МУ ВЕЛИ „СОВЕТОТ РАБОТИ ПО ЗАКОН И ДЕЛОВНИК. ЗАТОА ТРЕБА ДА ПОЧЕКАТЕ.“ А, ЛУЃЕТО ЧЕКААТ НЕ СО ДЕНОВИ И МЕСЕЦИ ТУКУ СО ГОДИНИ. КОЈ ДВЕ, КОЈ ПЕТ ГОДИНИ .

 

  • АКО НАПИШАМ ДЕКА ПРОДАНОСКИ  КАКО РАБОТНИК ВО АРХИВОТ НЕМА ВРСКА И НИКОГАШ  НЕ СЕ СООЧИЛ СО БИЗНИС, ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ, БАНКИ, КРЕДИТИ И ВЛОЖУВАЊА ,ТОГАШ МНОГУМИНА КОМЕНТИРААТ ДЕКА СУМ ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ. АКО НАПИШАМ ДЕКА МЕНАЏИРАЊЕ НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Е ЕДНО, А МЕНАЏИРАЊЕ СО АМБУЛАНТА Е ДРУГО,  ТОГАШ СУМ СЕВРЏАНСКО НОВИНАРЧЕ. АКО ЈАВНО ИМАМ  СВОЈ СТАВ ДЕКА ДОКТОРИТЕ ТРЕБА ДА СИ БИДАТ ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ИНСТИТУЦИИ  И ТАМУ ДА СЕ НАДОГРАДУВААТ, ТОГАШ ПАК  СУМ ПРОТИВ СДСМ ИЛИ ВМРО-ДПМНЕ. НО ,ВИСТИНА Е ДЕКА  ГОРДАН И КОСТА СЕ ЕДНИ ОД ОСНИВАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГРАДОВ. СЕГА ШТО СЕ ТИЕ СЕВРЏАНИ, ЕДНООКИ ГУСАРИ ?!?  ПРОТИВ ДРЖАВАТА, ПРОТИВ ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ?!? НЕ!!!  ТИЕ ЕДНОСТАВНО ЗНААТ ВО КОИ  ЕКОНОМСКИ И ФИНАНСИСКИ УСЛОВИ ЖИВЕАТ  И  ОСТВАРУВААТ ПРИХОД И  ЗА КОМПАНИЈАТА,  И,  ЗА  ВРАБОТЕНИТЕ. ДЕКА РАБОТИТЕ НЕ ОДАТ КАКО ТРЕБА, А ЧЕЛНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ СЕ КАКО ,,МУВИ БЕЗ ГЛАВА“ ДОБРО УПАТЕНИ  ВЕЛАТ ДЕКА НЕОДАМНА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИМАЛ НЕФОРМАЛНА СРЕДБА СО ЛУЃЕ ОД РЕАЛНИОТ СЕКТОР. ВО РАЗГОВОРИТЕ ИЗЛОЖИЛ ИДЕЈА ЗА ПРЕОТСТАПУВАЊЕ НА  ПРОСТОР НА ЕДЕН СТРАНСКИ  БРЕНД КОЈ БИ СТАВИЛ КЛУЧ НА ПОВЕЌЕ ПРИЛЕПСКИ ФИРМИ ОД ОБЛАСТА НА ТРГОВИЈАТА. А, СО ТОА СТОТИЦИ  ЛУЃЕ БИ ОСТАНАЛЕ БЕЗ РАБОТА, НА УЛИЦА, БЕЗ ПАРИ. НА СРЕДБАТА СОПСТВЕНИЦИ НА ГОЛЕМИ И СЕРИОЗНИ ФИРМИ ВО ГРАДОТ ВО ОЧИ МУ КАЖАЛЕ НА ЈОВЧЕСКИ ДЕКА ВО СЕГАШНИ УСЛОВИ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ЦЕНАТА НА КОМУНАЛНИТЕ УСЛУГИ Е ПРЕВИСОКА . ОДНОСНО, ЗА ИСТИ УСЛУГИ ДА ПЛАЌААТ 67% ПОВИСОКИ ЦЕНИ. ГО ПРЕДУПРЕДИЛЕ ДЕКА НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ  И ОД МЕНАЏИРАЊЕТО НА АБРАШОСКИ СО КОМУНАЛЕЦ.  А ,НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ И СО ЕФИКАСНОСТА НА ЛОКАЛНАТА АДМИНИСТРИАЦИЈА, БИДЕЈЌИ  ТАА Е МНОГУ БРОЈНА И НЕФУНКЦИОНАЛНА. ПРИТОА ВО УСЛОВИ НА БЕЗИДЕЈНОСТ, А ПОД ВЛИЈАНИЕ НА НЕГОВИОТ МЕНТОР  ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД НАМЕТНАТИОТ  ПРОЕКТ,  СОЦИЈАЛНА НАСЕЛБА КАЈ МЕСНОСТА ,,ОРАНЖЕРИИ“, БИДЕЈЌИ  ТАА Е НЕФУКЦИОНАЛНА ЗА ОВА НОВО И ТУРБУЛЕНТНО ВРЕМЕ,  А СТАРА  УШТЕ ОД ВРЕМЕТО НА МАРЈАН РИСТЕСКИ.

 

  • ВО ФУНКЦИЈА НА ОВИЕ УСЛОВИ  И СОВЕТНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА РЕКОА СТОП НА ИДЕЈАТА: ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНАТА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА СО ОПШТИНСКА ОБВРЗНИЦА. ТИЕ ВЕЛАТ НА ПРИЛЕП НЕ МУ Е ДОЈДЕНО ВО ОВА ВРЕМЕ – НЕВРЕМЕ ДО ТАКВИ СКАПИ  КРУЖНИ ПРОЕКТИ. ПРИТОА ПРАШУВААТ : ДАЛИ НЕКОЈ  ПРЕКУ  РЕФЕРЕНДУМ ГИ ПРАШАЛ ГРАЃАНИТЕ ЗА ВАКОВ ,,ЛУКСУЗ“ , А САКАЈЌИ ДА МУ КАЖАТ  ДЕКА Е ПОМИНАТО ВРЕМЕТО НА ,,ПАШИТЕ“ И ,,АГИТЕ“ .  АКО СЕ ТРОШАТ ПАРИ, ТОГАШ ТОА НЕКА БИДЕ ВО ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА. ИМАЛО ПРОЕКТ И ЛОКАЦИЈА, А ПАРИТЕ ЌЕ СЕ ВРАТЕЛЕ ПРЕКУ ФОНДОВИ ОД ЕУ.  ГО СЛУШАМ СОВЕТНИКОТ И СИ ВЕЛАМ.  СЕ’ Е УБАВО И ПАМЕТНО,  АМА ОД ОВА ШТО ГО КАЖУВАШ ТЕНДЕРИ И ПРОВИЗИИ ЗА ПОЕДИНЦИ  НЕМА.  МАТЕМАТИКИТЕ МУ ГИ РАСИПУВАТЕ.  ТИЕ СО ОВАА ВАША ЗАЛОЖБА ЈАВНО СЕ СОГЛАСУВААТ. АМА ДА НЕ ИМ СТЕ ВО УМОТ И ДУШИТЕ..ПАРИ СЕ  ВО ПРАШАЊЕ!!! НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ИГРАЧКИ. НА  МИРИСОТ  НА ,,ЈОРГОВАНЧИЊАТА“ МАЛКУ КОЈ МОЖЕ ДА ОДОЛЕЕ..

 

  • СОВЕТОТ  НА ОПШТИНАТА  ДОНЕСЕ ОДЛУКА ДА СЕ ВРАТИ ЦЕНАТА НА ВОДАТА НА НИВО ПРЕД  ПОКАЧУВАЊЕТО. СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ СМЕТКИТЕ ОНИЕ ЗА ДЕКЕМВРИ  ЌЕ БИДАТ КАКО  ПРЕД  ДА БИДЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО, 20 НАСТО ПОМАЛИ. НЕКОЈ ЌЕ РЕЧЕ ДОБРО, ДРУГ ОДЛИЧНО!  МОЈОТ СТАВ Е ДЕКА ЌЕ БИДЕ ДОБРО, А НЕ ОДЛИЧНО. КОГА ЌЕ СЕ ИСПОЛНАТ ПРЕДИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА ОД КАМПАЊАТА?   ТОГАШ СЕ СИМНУВАА БРДА И ПЛАНИНИ. СЕГА СЕ МАФТА СО  БРОЈКАТА ОД 7500 ГЛАСА РАЗЛИКА. ТОА Е ЛЕГИТИМНО ПРАВО ДОБИЕНО НА ФЕР ИЗБОРИ. СО ДОБИЕНА ФЕР РАЗЛИКА. НАРОДОТ СЕГА БАРА И ФЕР ИСПОЛНУВАЊЕ  НА ВЕТЕНОТО. СМЕТКИТЕ ЗА ВОДА ТРЕБА УШТЕ ЕДНАШ ДА СЕ НАМАЛАТ. И ТОА ТАКА КАКО ШТО БЕШЕ РЕЧЕНО. ДАЛИ ЈП ВОДОВОД  И КАНАЛИЗАЦИЈА Е ВО ДОБРА ФИНАНСИСКА КОНДИЦИЈА, ДАЛИ ОД БУЏЕТОТ ЌЕ СЕ КОФИНАНСИРА РАЗЛИКАТА, ТОА Е РАБОТА НА ДОГОВОР МЕЃУ ГРАДАНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ И НЕГОВИОТ ДРУГАР ГУЛАБОСКИ.

 

  • 16 ДЕНА ЖЕНСКИ АКТИВИЗАМ  ОД ООН И ОБСЕ  ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ. ВО ПРИЛЕП ОВАА КАПАЊА ДОСЕГА ЈА ИМААТ ПРИФАТЕНО И ОРГАНИЗИРАНО ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ И ФОРУМ НА ЖЕНИ НА СДСМ ОД ПРИЛЕП. СТАНУВА ЗБОР ЗА СЕКАКОВ ВИД НА НАСИЛСТВО И РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО. ВО ПРИЛЕП ИМА ОКОЛУ 150 ПРИЈАВИ ПО КОИ ПОСТАПУВАЛЕ ИНСТИТУЦИИТЕ  ЗАДОЛЖЕНИ ЗА ВАКОВ ВИД НА НАСИЛСТВО. ВО ОВАА СВЕТСКА  КАМПАЊА ВЕЛАТ ОДГОВОРНИТЕ  МОЖАТ СИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА И НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ДА СЕ ВКЛУЧАТ СО КОНКРЕТНИ АКТИВНОСТИ.. И НЕ СЕ ОСНОВНА ЗАБЕЛЕШКИТЕ  ДЕКА САМО ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА  Е ФАВОРИЗИРАНА. НАПРОТИВ, ВО ДИГИТАЛНОТО НАСИЛСТВО ПОДЕДНАКОВО ЖРТВИ СЕ ЖЕНИ И ОД ЕДНА ПОЛИТИЧКА ОПЦИЈА  И ОД ДРУГА И НЕОПРЕДЕЛЕНИ. НО. КАЈ НАС ЗАДОВОЛСТВОТО  Е ТОЛКУ ПОГОЛЕМО, КОЛКУ НА СЕКОЈА АКТИВНОСТ  И СЕ ДАВА ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА. НАПРОТИВ, НАШИ  ИЗВОРИ ВЕЛАТ ДЕКА УНИЈАТА НА ЖЕНИ ОД ВМРО – ДПМНЕ ДО СЕГА НЕМА ПЛАНИРАНО  НИКАКВИ АКТИВНОСТИ ЗА ДАСЕ ВКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ОВАА МЕЃУНАРОДНА КАМПАЊА. ЈАС ПАК ПРАШУВАМ ЗОШТО ИМА АКТИВНОСТИ САМО ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ. ВРЕМИЊАТА СЕ ПРОМЕНЕТИ,  А СО ТОА И УЛОГАТА И ОДНОСОТ НА ЖЕНИТЕ КОН  МАЖИТЕ. НАДЛЕЖНИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА И  СЕМЕЈНИ И САЈБЕР НАПАДИ ИМА И  КАЈ МАЖИТЕ. АМА ТОА СЕ’ УШТЕ ОСТАНУВА ТАБУ ТЕМА ЗА ОВИЕ ПРОСТОРИ. ДОТОГАШ НИЕ МАЖИТЕ ТРЕБА ДА СТЕГАМЕ ЗАБИ, ДА МОЛЧИМЕ И ДА ГО ТРПИМЕ ТЕРОРОТ ОД ЖЕНИТЕ.

 

  • ТИМОТ ЕКСПЕРТИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ОД НАШИОТ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР САД ПРИСТИГНА ПРЕД  НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ  НА ОВА ИСТО МЕСТО ПРЕДУПРЕДИВ ДЕКА Е НАПРАВЕН СПИСОК  НА ОКОЛУ 200 ПОРАНЕШНИ И СЕГАШНИ ФУНКЦИОНЕРИ И ПОЛИТИЧАРИ  ОД ЗЕМЈАВА . ПРИТОА СПОМНАВ!!!  ЕВЕ ДА ПОВТОРАМ, ОКОЛУ 50 СЕ ШУШКА ДЕКА СЕ ОД ПЕЛАГОНИЈА. А ОВОЈ ПАТ ЌЕ ПРЕДУПРЕДАМ – СТЕГНЕТЕ СИ ГИ УБАВО ЧЕВЛИТЕ  ЗА КАКО ШТО БИ РЕКОЛ КОЛЕГАТА ВАСКО  ЕФТОВ: ЗА ТРИ ПАТИ НА ДЕН ЗА ТОПОЛ ОБРОК НА ПОДОЛГ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД!

 

  • ДАБНИЧАНИ ПЛАЧАТ И ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОМОШ БАРААТ ДА СИ ГИ ЗАШТИТАТ СВОИТЕ  ИМОТИ ОД  ДРВОКРАДЦИ. ПОСЛЕДНИОТ ВАНДАЛИЗАМ Е НАПРАВЕН ДЕНОВИВЕ ВО СЕЛСКИТЕ ГРОБИШТА. УНИШТЕНИ СЕ ДРВАТА И ГРОБОВИТЕ. КУТРИ ЛУЃЕ ТОЛКУ НЕМААТ ПЛАЧЕНО И ПОМОШ  БАРАНО ЗА ВРЕМЕ НА ДАБНИЧКИОТ МАСАКР. ТОГАШ СО ПОЧИТ КОН УБИЕНИТЕ ПРСТОТ ГО ВПЕРУВАА ВО ,,АДМИНИСТРАТОРОТ“ ПОРУЧНИКОТ КУЦАРОВ. СЕГА, ЗА ОВОЈ ЕКО И ВЕРСКИ МАСАКР, ВО КОГО ТРЕБА  ДА ГО ВПЕРАТ ПРСТОТ ЗА ДА ИМААТ МИР И СПОКОЈСТВО?!!

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Ќе се спроведува третата фаза на дезинсекција во општина Прилеп

(17.10 2024) Неколку улици без струја

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ! 9

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе