Од полицискиот билтен информации за физички напади во Прилеп и во Новаци:
На 12.12.2022 во ОВР Прилеп, З.К.(41) од Прилеп пријавил дека на паркингот во населба Точила во Прилеп неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник и три други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.12.2022 во Полициското одделение Новаци, А.Ѓ.(22) од с.Новаци, битолско, пријавил дека во с.Новаци бил физички нападнат од Н.Б. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.