7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(22)

Пишува: Зоран Момироски 

  • КАМЕРМАНИ ФОТОРЕПОРТЕРИ НОВИНАРИ НА 5 ти ОВОЈ МЕСЕЦ ТРГНАЛЕ НИЗ ПРИЛЕП И ПРАШУВААТ КОЈА Е УЛИЦАТА ЦАР САМОИЛ?! НЕДОСТИГАА  УШТЕ ЕКИПИ ОД CNN И BBC. СЕ ЧУДАМ И ПРАШУВАМ ШТО Е ТОЛКУ ,,ФРКА,, НИЗ ПРИЛЕП?! ВЕЛАТ МНОГУ ГОЛЕМ НАСТАН – ДИРЕКТОРОТ НА ЈП КОМУНАЛЕЦ РУБИН АБРАШOСКИ ЗАКАЖАЛ ПРОМОТИВНО МИЕЊЕ НА ОВАА УЛИЦА И НА УЛИЦАТА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ. И ТОА СО НОВАТА ДЕВЕТТОTOНСКА ЦИСТЕРНА ШТО ЈА ДОБИЛО ПРЕТПРИЈАТИЕТО ОД БИРОТО ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ. ПА ЗАТОА  СИТЕ ТИ ДОШЛЕ ДА СНИМААТ И ДА ПРАВАТ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ОВОЈ  СПЕЦИЈАЛЕН НАСТАНОТ ЗА РУБРИКАТА ,,ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ?!“. И ЦИСТЕРНАТА ПОЧНУВА, ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ ОНАКА НОВА КВАЛИТЕТНА И ЕПТЕН ,,ЕНЕРГИЧНА“ МИЕ УЛИЦИ ДАЛИ МИЕ. КАКО ГИ МИЕ УЛИЦИТЕ ТАКА ГИ ВАЛКА ТРАТОАРИТЕ. КУТРИ КАМЕРМАНИ ФОТОРЕПОРТЕРИ СЕ ТУРКААТ. КОЈ ДА СНИМИ ПОДОБАР КАДАР ОД ОВА СВЕТСКО ЧУДО!!! ОТКАКО ЗАВРШИ ОВА ,,ИСТОРИСКО“ И НА ДРУГО МЕСТО ВО СВЕТОВ, ПА ДУРИ И ВО ТУНГУЗИЈА НЕВИДЕНО ПРОМОТИВНО ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ ИЗЈАВА ДАВА АБРАШОСКИ. ЧОВЕК ДА БИДЕ ИМПРЕСИОНИРАН ОД НЕГОВИОТ СТАВ И ГОВОРОТ. ЗБОРУВА ЗА ЦИСТЕРНАТА НЕ БАРЕМ ЗБОРУВА ЗА ВСЕЛЕНСКИ БРОД КОЈ ОД ПРИЛЕП ЌЕ БИДЕ ЛАНСИРАН ЗА ВО СВЕМИРОТ. СИ ВЕЛАМ, АЛАЛ ДА ТИ Е ЧОВЕКУ! ЗА ВАКВА ГРАНДИОЗНА РАБОТА И ЗА ВАКВО ГРАНДИОЗНО ВОЗИЛО ЕПТЕН ГРАНДИОЗЕН ГОВОР СИ СПРЕМИЛ! ДУРИ И ОНОЈ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД ТОА  ПРИ ПРЕДАВАЊЕТО НА ОВА ГРАНДИОЗНО ВОЗИЛОТО ВО СЕНКА ГО СТАВИ. НЕКОЈ СЕ ОБИДУВА ДА ПРАША – „А ШТО СО СТАРИТЕ МЕТЛАРКИ КОИ ЈП КОМУНАЛЕЦ НИТУ ГИ ПРИМИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НИТУ ГИ ВИДЕ?“  НА ОВА ПРАШАЊЕ АБРАШОСКИ ОДВАЖНО И КУСО ОДГОВАРА: Е ВО ПРОЦЕДУРА!!! СЕГА НЕОФИЦИЈАЛНО СЛУШАМ ,,ОВА СВЕТСКО ЧУДО“ ЌЕ ДОАЃАЛЕ ДА ГО ВИДАТ И МНОГУ ДРУГИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОД ПОВЕЌЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ  КОЛКУ ПРИЛЕП, ПА ДУРИ И ПОМАЛИ ПО БРОЈ НА ЖИТЕЛИ ДА ГО ВИДАТ КОМУНАЛНОТО ВОЗИЛО. ДА СИ КУПАТ БАРЕМ ПРИБЛИЖНО ИСТО КОМУНАЛНО ВОЗИЛО ЗА ДА МОЖАТ ДА СИ ГИ ЗАЧИСТАТ УЛИЦИТЕ ВО СВОИТЕ ГРАДОВИ.

 

  • ДЕНОВИВЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ВО СНИМЕНА ИЗЈАВА ПАК ,,ГИ ИЗМЕША ЛОНЧИЊАТА“. ВЕЛИ: ПРИЛЕП ПОВЕЌЕ НЕ Е ГРАД НА СИВИЛОТО И БЕЗНАДЕЖНОСТА. РЕКОНСТРУИРАНИ И САНИРАНИ СЕ ГОЛЕМ БРОЈ НА УЛИЦИ. ТОЈ ПОТОА НАГЛАСУВА ДЕКА И ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА Е ПЛАНИРАНО УШТЕ ПОВЕЌЕ. РЕЧИСИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА УЛИЦИ, ДВА КРУЖНИ ТЕКОВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ . ВЕРОЈАТНО МИСЛИ ЗА СРАБОТЕНОТО ЛАНИ И ЗА ПЛАНИРАНОТО ЗА ГОДИНАВА. БЕЗ РАЗЛИКА НА ТОА ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ ЗНААТ, ГЛЕДААТ И ЌЕ ДАДАТ ОЦЕНКА ЗА СРАБОТЕНОТО ВО ТЕКОТ НА МИНАТАТА ГОДИНА,  БОРЧЕ ОПТИМИСТИЧКИ ГИ УВЕРУВА ГРАЃАНИТЕ ДЕКА ,,УМРЕНИОТ ЌЕ ОЖИВЕЕ“ И ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОДОБАР ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНО.И НЕГОВИОТ ЛИДЕР МИЦКОСКИ ОПТИМИСТИЧКИ ГИ УВЕРУВА ПРИЛЕПЧАНИ ДЕКА Е ДОБАР, НО И ДЕКА  ЌЕ ГО БИДЕ УШТЕ ПОДОБАР. МОРА ТАКА ДА КАЖЕ, БИДЕЈЌИ ОВАА ГОДИНА НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ БИДЕ ИЗБОРНА И ГЛАСОВИ СЕ ПОТРЕБНИ. ПА ВЕЛИ – ДА!!! СИВИЛОТО ЌЕ БИДЕ ТРГНАТО. И НАЈАВУВА БРЗ ПОЧЕТОК НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА  НА ВЛЕЗОТ ВО ПРИЛЕП ОД МАКЕДОНСКИ БРОД.

 

  • И ДОДЕКА ВМРО-ДПМНЕ СИ ТЕРА КАМПАЊА И СИ СПИНУВА ДУРИ И СО ЕДНО КОМУНАЛНО ВОЗИЛО, ДОДЕКА  СТАВА СЕ’ ВО АКТИВНОСТ И КАМПАЊА, СДСМ НИТУ Е ОТРЕЗНАТО ОД НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЧНИ ДЕНОВИ, НИТУ ИМА НАМЕРА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КАМПАЊА. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ- ЦАКИО Е АНГАЖИРАН СО ЛИЧНИТЕ ЕГЗИСТЕНЦИОНАЛНИ ПРАШАЊА. ПЛАТАТА ВО ПОДРАЧНАТА ЕДИНИЦА ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ МУ БЕШЕ НЕСООДВЕТНА НА ПРИЛИКАТА И ФУНКЦИЈАТА, ПА ЦАКИО СИ ДОБИ НОВОГОДИШЕН ПОДАРОК – РЕШЕНИЕ ЗА СООДВЕТНА ПОЗИЦИЈА  ВО УЈП. СЕГА РЕЛАКСИРАНО СИ ГИ ПРОСЛАВУВА ПРАЗНИЦИТЕ И ВООПШТО НЕ МУ ПУКА, ОСВЕН ЏЕБОТ, СДСМ МНОГУ ГО САКА. АБЕ ЗА ПАРТИЈАТА СЕ’ БИ ДАЛ, САМО ПРВО ТАА ТРЕБА ДА МУ ДАДЕ. ЉУБОВ СО ЉУБОВ ОДИ, ВО СПРОТИВНО НИШТО НЕ БИДУВА. ОД ВОЗБУДА И ЛИЧНИ ОБВРСКИ НЕ СТИГНА ДА МУ ИСПРАТИ  НИТУ НОВОГОДИШНИ ПОРАКИ СО ЧЕСТИТКИ ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ НА ЧЛЕНСТВОТО. ИАКО, ДА ПОТСЕТАМ, ТОА БЕШЕ СТАРА ДОЛГОГОДИШНА ТРАДИЦИЈА. А ЗА ГОДИНЕШНИОВ ОПШТИНСКИ БУЏЕТ, ЗА ВИСТИНСКИТЕ ПРОБЛЕМИ И ПРОПУСТИ НИ ДА ПИСНИ НИ ЗАБИ ДА СТИСНИ. НЕЗНАМ КОЈ ГО СОВЕТУВА УЧИ ИЛИ ПОДУЧУВА. АМА, ЕПТЕН МНОГУ УБАВО ГО УЧИ И УПАТУВА. ПРАВО, АМА ЕПТЕН ПРАВО –НАСТРАНА, ЧОВЕКОТ СИ ТЕРА  ДО ПОСАКУВАНИОТ УСПЕХ!

 

  • НАРОДНИОТ ТЕАТАР ВОЈДАН ЧЕРНОДИНСКИ Е ПРЕД НОВ ПРЕДИЗВИК. ИЛИ ПОВРЕМЕНО ДА ДОБИЕ ЗАСИЛУВАЊЕ ИЛИ ЌЕ ИМА МНОГУ СИЛНА КОНКУРЕНЦИЈА. СЕ’ ЗАВИСИ ОД ОДЛУКАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ПРИЛЕПСКИОТ ЗАТВОР АЛЕКСАНДАР САШО ДАМЕСКИ. ОВА, ОТКАКО ВО СЛЕДНИВЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ НОВО ЗАТВОРСКО ЖИТЕЛСТВО ДОБИ АКТЕРОТ, РЕЖИСЕР И ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА ВЛАДО ТАЛЕВСКИ – КОМШИЈАТА, ОСУДЕН НА 7 ГОДИНИ ЗАТВОР ПО ПРЕДМЕТОТ ,,ТРАНСПОРТЕР“. ПРЕСТОЈОТ ВО ЗАТВОРОТ – ПРИЛЕП НАРОДНИОТ ТЕАТАР ,,ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“  МОЖЕ ДА ГО ИСКОРИСТИ ДА ГО ЗАСИЛИ АНСАМБЛОТ ЗА НЕКОЈА ПРЕТСТАВА СО ИСКУСТВОТО НА ТАЛЕВСКИ. НО НЕ Е ИСКЛУЧЕНА МОЖНОСТА ТОЈ ДА ПОБАРА ОД ДИРЕКТОРОТ ДАМЕСКИ ДА ФОРМИРА ТЕАТАРСКА ЕКИПА ОД НАДАРЕНИ  ЗАТВОРЕНИЦИ КОИ БИ ПОДГОТВИЛЕ КВАЛИТЕТНИ ПРЕТСТАВИ СО КОИ БИ УЧЕСТВУВАЛЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ ,,ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“.

 

  • ДЕНЕСКА НА ПЛАТОТO ПРЕД СТАРИОТ ГРАДСКИ ЧАСОВНИК ВТОРА ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРТАТ БУРЕЦИ СО ПАРИЧКА. ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ЗА ОВАА ПРИГОДА ЌЕ СЛУЖАТ И ТОПЛА РАКИЈА. А СПОРЕД ТРАДИЦИЈАТА ЗА ДОЧЕК НА СТАРА НОВА ГОДИНА ЌЕ ИМА И ВИНО. ИНТЕНЦИИТЕ СЕ ОВАА МАНИФЕСТАЦИЈА ДА ПРЕРАСНИ ВО ДОЛГОГОДИШНА ПОСТОЈАНА МАНИФЕСТАЦИЈА, СЛИЧНА НА ОНАА ЗА СВ.НИКОЛА. ЛАНИ ПО СТАПУВАЊЕТО НА ФУНКЦИЈА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК МИСЛЕЛ, АМА НИКАКО ДА СМИСЛИ, ШТО НОВО НЕШТО ДА ПОНУДИ. ВО РАЗГОВОР СО НЕГОВИОТ СОПАРТИЕЦ МАРЈАН РИСТЕСКИ, МАЦИО ПОВЕЌЕ НА ,,МАЈТАП“ ОТКОЛКУ СЕРИОЗНО МУ ГО СПОМНАЛ ОВОЈ НЕГОВ  НЕРЕАЛИЗИРАН КУЛТУРНО ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРОЕКТ. БОРЧЕ ГО ПРИФАТИ И НАВИСТИНА КАКО ЗА ПРВА ГОДИНА ДОБРО ГО ОРГАНИЗИРА И УШТЕ ПОДОБРО ОВАА СОБИРАНКА СИ ПОМИНА. ПА ТАКА ОД МАЈТАПОТ  ОД  МАЦИО ЗА ПОЧЕТОК  ОВА ИНТЕРЕСНА ДРУЖБА НА ПРИЛЕПЧАНИ СТАНА МАЛА НО ЗНАЧАЈНА АТРАКЦИЈА.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (26)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (34)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (42)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе