16.9 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

„Кога зборува Рацин – зборува Македонија“: Во Прилеп ученици од училиштата „Рацин“ ја оживеаја неговата мисла

Во духот на културната традиција и љубовта кон македонската литература и јазик, ООУ “Кочо Рацин“ – Прилеп со одличен проект, насловен КОГА ЗБОРУВА РАЦИН – ЗБОРУВА МАКЕДОНИЈА“, организиран во соработка со останатите училишта во Македонија кои го носат името на големиот писател и револуционер Кочо Рацин, организираа дводневен настан кој ја потенцира важноста и посветеноста кон негувањето на  јазикот и културното наследство.

Настанот започна со полагање цвеќе на Могилата на непобедените, посета на Меморијалниот музеј 11-ти Октомври, каде учениците се запознаа со македонската историја,  посета на Галеријата на икони.

Учениците од сите четири партнерски училишта кои учествуваат во проектот, преку разни интресни едукатвно – забавно активности, натпреварувања, туристичка тура низ Прилеп за запознавање со култрното – историско богатсво на градот, драмски изведби, културно забавна програма во чест на Рацин, ја оживуваа мислата и делото на македонскиот поет. Со својата креативност и енергија тие потсетија дека неговите стихови и дело не се само дел од историјата, туку и жива порака за идните генерации.

„Љубовта кон татковината, јазикот и културното наследство не се учат само од книга , туку тие се живеат и се пренесуваат.“ истакна директорката на ООУ Кочо Рацин“ – Прилеп, Јулијана Тренкоска пред присутните гости, ученици и родители.

 

“Иницијативата започна минатата година во Дојран, за да продолжи годинава во Прилеп. Го продолжуваме делото на големиот великан. Целта е децата да сфатат дека на училиште не се здобиваат само со знаење, дека треба да се дружат, да создаваат емпатија и да имаат вештини кои ќе треба да ги употребат во реалниот живот“  вели Габриела Темелкоска, координатор на проектот од ОУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

 Дводневнот настан се одржува на различни локации со различни содржини, исполнет со  тимски игри, штафетна јазични сложувалки емоции, истражување на градот преку загатки и задачи, музички точки, но секој настап има улога да ја пренесе силата на македонскиот јазик и дух. Гостите од другите градови имаа можност да уживаат во богата програма што ја организира ООУ “Кочо Рацини“  – Прилеп , преку која се истакнува важноста на културното наследство и улогата на училиштата во неговото негување.

Со оваа манифестација на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп потврди дека делото на Кочо Рацин е темел на македонската книжевност и национална самосвест, а училиштата кои го носат неговото име покажаа дека се вистински чувари на културната меморија заедно со своите учениците како најдобри амбасадори на македонската традиција.

Настанот кој носи  заедничка порака:“ Кога зборува Рацин, зборува Македонија“ завршува утре со музичка – културна програма во амфитеатрот во Варош, со песни и рецитали за македонскиот деец, пренесувајќи ја пораката дека кога зборува Рацин, зборува срцето на еден народ кој никогаш нема да заборави да ја слави својата култура и идентитет.

Би можело да ве интересира

Земјоделскиот сектор допрва ќе отвора перспективи за младите кадри -Александра Кулевска, раководител на експозитури во СН Осигурителен Брокер

Нема економски развој без квалитетни социјални услуги!

Пуштени во употреба 2 реконструирани мултифункционални спортски игралишта во населбата Точила

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе