7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Меѓународен стручен тим ќе го решава проблемот со влагата во црквата во манастирот Трескавец

Прилепскиот завод и музеј оформи меѓународен тим за конечно решавање на најголемиот проблем- влагата и опасност за црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на Трескавец. Проблемот со влагата мора да се решава и не треба да се одложува, вели директорот на музејот Горан Цветкоски. На Министерството за култура му се доставени два проекти, а стручните лица поставија некулкумесечен рок за да почне реализацијата.

Стручен тим од Музејот, со стручен тим од странство, со професори од земјава, направивме увид и заклучено е дека мора, конечно, да се направат конкретните елаборат и проект. Увид направи истакнатиот професор од Грција Акваридис Препис, направи испитувања и дојде до сознанија кои ги очекуваме официјално. Составен е стручниот тим – со професорот, со стручни лица од Музејот, професори од Градежниот факултет од Скопје, стручни лица од ИЗИС. Дојдовме до сознанија дека најголем проблем во Црквата е влагата која мора прво таа да се отстрани. Влагата доаѓа од водата што влегува во манастирскиот комплекс. Значи, двата проекти кои ги поднесовме до Министерството за култура се однесуваат за заштита од тој аспект – од хидрогеолошки и од геолошки аспект за заштита на Цркавта, за дури потоа да почнеме со заштита и реставрација на покривот, на тремот, на олтарот. Верувам во поддршката на Министерството за култура. Крајно време е да се посветиме на решавањето на проблемот со заштитата на Црквата во Трескавец за да не се доведеме во опасност да го загубиме ова непроценливо културно богатство, вели Цветкоски.

Ова е голем зафат, вреден неколку милиони денари, но од Музејот веруват дека меѓународниот стручен тим целосно ќе ја даде сликата за она што најитно треба да се работи, а прво е решавањето на влагата во Црквата.

Цветкоски констатира дека локалната самоуправа уште не почнала со активностите за водоводот и пречистителната станица што се услови за официјално ставање во употреба на обновените конаци на манастирот по пожарот од пред 10 години. Инаку, за обновата на Трескавец државата досега вложи околу 2,5 милиона евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Oпштина Новаци домаќин на хрватска делегација од збратимената општина Дуги Рат

Елизабета Филипоска

Утре неработен ден за сите се слави Рамазан Бајрам

Пела Редакција

Посебен режим на сообраќајот по повод Илинден на подрачјето на СВР Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе