5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (25)

Пишува Зоран Момироски

  • НА ПРВАТА СЕДНИЦА НА ГРАДСКИОТ  ,,ДОКТОРИСКО-СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ“ СОВЕТ НА ПРИЛЕП БЕА РАЗГЛЕДАНИ ПОВЕЌЕ ФИНАНСИСКИ ПЛАНОВИ ОД УЧИЛИШТАТА И ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА. ОТКАКО СОВЕТНИЦИТЕ ИЗВРШИЈА СУШТЕСТВЕНИ АНАЛИЗИ ОД ГИНЕКОЛОШКИ, ИНФЕКТОЛОШКИ, ОРТОПЕДСКИ И ИНТЕРНИСТИЧКИ ДЛАБОКИ АНАЛИЗИ, ИСТИТЕ БЕА УСВОЕНИ. ПО ОВА, ИЗЛЕГУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ И ИЗРАЗУВА ЗАДОВОЛСТВО ОД ОНА ШТО ГО РАБОТЕЛ И ОДЛУКИТЕ ШТО ГИ УСВОИЛ СОВЕТОТ ВО МИНАТАТА ГОДИНА. ГИ НАБРОЈУВА ДЕЈАН СИТЕ ПОПУЛАРНИ МЕРКИ ДОНЕСЕНИ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ, ПА ДУРИ И ВЕТЕНОТО КАКО ВО ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА – ДИРЕКТЕН ПРЕНОС ОД РАБОТАТА НА СОВЕТОТ. ГО СЛУШАМ СО ВНИМАНИЕ И СЕ ПРАШУВАМ: А КАДЕ ТИ СЕ НЕПОПУЛАРНИТЕ МЕРКИ ШТО НЕ ТИЕ БЕА ВО ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА, А ГИ ДОНЕСЕ КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО, МЕЃУ ДРУГОТО И ОНАА ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ЦЕНИ ОД 67 НАСТО ЗА  КОМУНАЛНИТЕ УСЛУГИ?! ДАЛИ НАВИКА ИЛИ НЕКОЈА  ,,БОЛЕСТ“ Е ТОА?! НАЈВЕРОЈАТНО, СТАНУВА ЗБОР ЗА ПОЛИТИЧКА СКЛЕРОЗА  СО МОЖНОСТ ДА  ПРОГРЕСИРА ОСОБЕНО КОГА ТРЕБА ДА СЕ СПОМНАТ ИЛИ АКЦЕНТИРААТ НЕПОПУЛАРНИ МЕРКИ?! ПА НЕЛИ ВО СОВЕТОТ ИМАТЕ ДОКТОРИ СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД ПОВЕЌЕ ОБЛАСТИ? СЕ’ ШТО ЌЕ СЕ ПРЕВЕНИРА И ДИЈАГНОСТИЦИРА Е ВО ИНТЕРЕС И НА ВИСТИНАТА, И НА ГРАЃАНИТЕ. ЗГОРА НА ТОА, ДУРИ И ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА РЕТКО ИЛИ ВООПШТО ЧОВЕК НЕ МОЖЕ ДА ВИДИ НА ЕДНО МЕСТО ТОЛКУ ДОКТОРИ ОД  РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ ОСВЕН НА ОДДЕЛЕНСКИТЕ НАЧАЛНИЧКИ СОСТАНОЦИ.

 

  • ТРГНУВАЈЌИ ОД  СОСТАВОТ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНАВА, СИ ВЕЛАМ: БРЕ КОЛКУ Е АТРАКТИВНА И БОЛНА ОВАА НАША МАКЕДОНСКА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА?! ТОП ПРЕСТИЖ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ  ДА ИМААТ ШТО ПОВЕЌЕ ДОКТОРИ ЗА ДА МОЖАТ ПРЕКУ НИВ ДА МОБИЛИЗИРААТ ШТО ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ, А ПРЕКУ НИВНИТЕ ГЛАСОВИ ДА СТИГНАТ ДО ПОСАКУВАНА ПОБЕДА. ПРАКТИКА КОЈА СЕГА  МУ СОЗДАВА  ПОСЕБЕН ИМИЏ НА  ДОКТОРИТЕ. ПА ЗАТОА СЕГА, ПРЕСТИЖ Е ЧОВЕК ДА Е ДОКТОР-ПОЛИТИЧАР. ПОРАДИ ТОА ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ  НА ШЕГА, СЕ’ ПОГЛАСНИ СТАНУВААТ МАЈТАП ,,ПРЕДЛОЗИТЕ“ : НА МЕДИЦИНСКИТЕ ФАКУЛТЕТИ ДА СЕ ОТВОРАТ ОДДЕЛИ – ПОЛИТИЧАРИ. А НА ОНИЕ ФАКУЛТЕТИ ЗА ПОЛИТИЧКИ НАУКИ ОДДЕЛИ – ЛЕКАРИ, СПЕЦИЈАЛИСТИ И ТОА НЕ ОД СИТЕ ГРАНКИ, ТУКУ ОД ОВИЕ БРЗО ПРОФИТАБИЛНИВЕ.

 

  • ЗА  ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА  НЕ МНОГУ ОДАМНА КОГА ИМАВМЕ НОРМАЛНА ДРЖАВА И НОРМАЛЕН ЖИВОТ, ДОКТОРИТЕ БЕГАА ОД ПОЛИТИКАТА, НИТУ ИМ ТРЕБАШЕ, НИТУ ГИ ИНТЕРЕСИРАШЕ. НАПРОТИВ, МОТИВ ЗА ПРЕСТИЖ ИМ БЕШЕ КОЈ НА КОЈА СПОРТСКА ЕКИПА ЌЕ И’ БИДЕ КЛУПСКИ ДОКТОР. ПОВОЗРАСНИТЕ СЕ СЕЌАВААТ КОГА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОЛН СО 15 ИЛЈАДИ ГЛАДАЧИ ЌЕ ИСТРЧАШЕ ЕКИПАТА НА  ФК ПОБЕДА. А, СО НИВ И КЛУПСКИОТ ДОКТОР ВРВНИОТ ХИРУРГ ЃОКО ЦВЕТАНОСКИ – ДИРЕКТОР НА МЕЦИНСКИОТ ЦЕНТАР ВО ПРИЛЕП. ИЛЈАДНИЦИ АПЛУЗИ ЗА Ф.К. ПОБЕДА И ЗА ДОКТОР ЃОКО. ВО СЛИЧЕН АМБИЕНТ, ВО ПРЕПОЛНАТА УНИВЕРЗАЛНА САЛА НА ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ СО ГРОМОГЛАСНИ АПЛАУЗИ ДОЧЕКУВАНИ РАКОМЕТАРИТЕ, НО И  КЛУПСКИТЕ  ДОКТОРИ ПЕТАР ОХАНЕСИЈАН И  ПОКОЈНИОТ ЦВЕТКО ПАНОСКИ. ДУРИ И ЗА ПОКОЈНИОТ ОФТАЛМОЛОГ ДОКТОР АЛЕКСАНДАР РИСТЕСКИ, ИНАКУ ОСНОВОПОЛОЖНИКОТ НА ОЧНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА, ПРЕСТИЖ МУ БЕШЕ КЛУПСКИ ДОКТОР НА ВЕЛОСПИДЕСКИОТ КЛУБ ,,ИЛИНДЕН“ – ПРИЛЕП. СВОИ ДОКТОРИ ИМАА И ВРВНИТЕ ПРИЛЕПСКИ ОДБОЈКАРСКИ, КОШАРКАРСКИ, ЏУДО И КАРАТЕ КЛУБОВИ. ДОКТОРИ КОИ ПРЕКУ СПОРТОТ, ПРЕКУ ЕКИПИТЕ И ПРЕКУ  ПУБЛИКАТА СОЗДАВАА СВОЈ ЕСНАФСКИ ИДИНТИТЕТ, ПОЧИТ И ВЗАЕМЕН ОДНОС СО ГРАЃАНИТЕ. А СОВЕТИТЕ НА ГРАДОТ БЕА РЕЗЕРВИРАНИ ЗА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РЕАЛНИОТ СЕКТОР, ОД  МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ, ОД ЧАРШИЈАТА И ЕСНАФИТЕ ВО ГРАДОТ, ОД НАУКАТА, КУЛТУРАТА И ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ЗА ЛУЃЕ СО ИСКУСТВА, СО ЗБОР И СО ПРЕДЛОЗИ, КОИ БЕА БЛИЗУ ДО МУДРОСТ ЗА РАЗВОЈ НА ГРАДОТ НА ОПШТИНАТА.

 

  • ДЕНОВИВЕ, ДИРЕКТОРОТ НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ИГОР ГУЛАБОСКИ ,,ПЛАЧКОТО“ ОД ПРИЛЕПСКАТА ПРЕЧИСТИТЕЛНА  СТАНИЦА ВО ПРИЛЕП СООПШТИ ДЕКА ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТЕЛО ВРЗ СОЗДАВАЊЕ НА ЕКО-ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ И МОЖНОСТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СТРУЈА ЗА ОВОЈ ЗНАЧАЕН КАПАЦИТЕТ ОД ГРАДОВ. ГУЛАПЧЕТО ВЕЛИ ДЕКА ОД МЕТАНОТ  ПРОБНО ПОЧНАЛЕ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ СТРУЈА И ДЕКА СО ПРОЕКТОТ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ СЕ’ ДОДЕКА НЕ СЕ ПОСТИГНЕ ДА СЕ ПРОИЗВЕДЕ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД БЛИЗУ 50 ОТСТО ОД ПОТРЕБИТЕ. КАЖУВА ГУЛАБОСКИ И НЕ ДЕРЕКТНО, ТУКУ СУПТИЛНО, ПРАЌА ПОРАКА И ПРАШУВА: ВИЕ ОД СДСМ, (МИСЛИ НА НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК ЕМИЛ ЈАНЕСКИ, ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ И НИВНАТА ДРУЖИНА) ШТО НАПРАВИВТЕ ЗА ОВАА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО ВАШИОТ ЧЕТИРИГОДИШЕН МАНДАТ?! ЕДНО ГОЛЕМО НИШТО!!! ОСВЕН ОВОЈ ПРОЕКТ, ГОТОВ КАКО НА ПОСЛУЖАВНИК, ВИ ГО ОСТАВИ ВМРО-ДПМНЕ И ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ. ВИЕ, САМО ЈА ПРЕСЕКОВТЕ ЦРВЕНАТА ЛЕНТА, ОРГАНИЗИРАВТЕ КОКТЕЛ И ТОЛКУ! СЕ ЧУКАВТЕ ПО ГРАДИ, А ОБЈЕКТОТ ГО ИСКОРИСТИВТЕ ДА СИ ГИ ВРАБОТИТЕ СВОИТЕ ИЗБРАНИЦИ, РОДНИНИ, ДРУГАРИ И ПРИЈАТЕЛИ. ЈАВНО НИКОГАШ НЕ КАЖАВТЕ, НИТУ СМЕЕВТЕ ДА КАЖЕТЕ ДЕКА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВИ Е ГОЛЕМ И ТЕЖОК ТОВАР, А НЕ МЕСТО И ПРОСТОР ЗА НЕЈЗИНО ДОКОМПЛЕТИРАЊЕ ВО ЦЕЛОСЕН ЕКО- КОМПЛЕКС, СИСТЕМ СО СИТЕ ,,НИШАНИ“!!!  КОГА СУМ КАЈ ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ИМА УШТЕ ЕДНА МНОГУ ЗНАЧАЈНА ПРАКТИКА ЗА КОЈА МОРАМ ДА ПРИЗНААМ ДЕКА ДО КРАЈ НЕМАМ ДЕФИНИРАНО ОДГОВОР. ИМЕНО, СЕКОЈ ГРАДОНАЧАЛНИК КОГА СТАПУВА НА ФУНКЦИЈА, ЗА ДИРЕКТОР НА ОВА ПРЕТПРИЈАТИЕ ПОСТАВУВА ЕПТЕН СВОЈ ЧОВЕК ОД ДОВЕРБА, ИЛИ ДРУГАР ИЛИ РОДНИНА. КАКО ДА МУ Е НАСЛЕДЕН ТАТКОВСКИ ИМОТ. ЗА ПРВ ЧОВЕК НА ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА НЕ ВАЖАТ НИТУ ПАРТИСКИ КРИТЕРИУМИ, НИТУ ВНАТРЕПАРТИСКИ НАТПРЕВАР МЕЃУ КАНДИДАТИТЕ ЗА ДИРЕКТОР. ПРАКТИКАТА, БАРЕМ ДОСЕГА, ПОКАЖУВА  ДЕКА ОВА ПРАВИЛО НЕ ВАЖИ И  НЕ Е СЛУЧАЈ ЗА ДРУГИТЕ ЈП ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ОПШТИНАТА. БИДЕЈЌИ ЗА ДРУГИТЕ ДИРЕКТОРСКИ МЕСТА СЕ ПОЧИТУВААТ ОДЛУКИТЕ И КАДРОВСКИТЕ РЕШЕНИЈА НА ПАРТИЈАТА.

 

  • ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ ВО СВОЈСТВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ОНАКА ОДВАЖЕН И СЕРИОЗЕН ВО НЕГОВОТО ПО НОВОГОДИШНО ,,КОМЕНИКЕ“ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО МИНАТАТА ГОДИНА ПОТЕНЦИРА ДЕКА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ЕПТЕН МНОГУ ПОСВЕТИЛЕ ВНИМАНИЕ ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНЧЕ  РОДЕНО ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА, 100 ЕВРА ЗА СЕКОЈА РОДИЛКА. ГО СЛУШАМ ДЕКИОВ И СИ ВЕЛАМ: ДОБРО БЕ ЧОВЕКУ, ДАЛИ ОВАА СУМА ВО СЕГАШНИ УСЛОВИ СЕ ПАРИ ШТО ТРЕБА ДА ГО СПОМЕНЕШ?! ОСОБЕНО КОГА ЛАНИ ВО БОЛНИЦАТА СЕ ПОРОДЕНИ ЕДВАЈ 530 НОВОРОДЕНЧИЊА, БЛИЗУ ЧЕТИРИ ПАТИ ПОМАЛКУ ОД ПРЕД СЕДУМ ИЛИ ОСУМ ГОДИНИ. ДАЛИ ИМАТЕ ВРЕМЕ, ДАЛИ ПОМИСЛУВАТЕ, ДАЛИ СИ ГО СТАВАТЕ ПРСТОТ НА УМОТ И ВИЕ, АМА И ОНИЕ ОД СДСМ ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ОВОЈ НАШ И ВАШ ПРИЛЕП!?! ГРАДОТ ВО КОЈ ЖИВЕАА БЛИЗУ 70.000 ЖИТЕЛИ, СЕГА РЕАЛНО  НЕМА ПОВЕЌЕ ОД 52.000 ЖИТЕЛИ. И ВО ВАКВА ДЕМОГРАФСКА КАТАСТРОФА ВИЕ ПРАВИТЕ ПОПУЛИЗАМ И СИ ЗЕМАТЕ ДА ПРАВИТЕ КАМПАЊА ДЕКА СТЕ ДАВАЛЕ 100 ЕВРА ЗА НОВОРОДЕНЧЕ?!?

 

  • ДУРИ СЕДИТЕ ПО КАБИНЕТИТЕ И КАФИЧИТЕ, ДОДЕКА ТРОШИТЕ ВРЕМЕ И БУЏЕТСКИ ПАРИ ЗА ТОА КОЈ ШТО РЕКОЛ И ВРЗ ОСНОВА НА ТОА, ДАВАТЕ КВАЛИФИКАЦИИ И ДА ЕТИКЕТИРАТЕ ЛУЃЕ КОЈ Е ПРОТИВ ВАС, А КОЈ ЗА ВАС –  МИСЛАМ НА НОСИТЕЛИТЕ НА РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ, А НЕ НА ПАРТИЈАТА, ДОБРО БИ БИЛО ДА ИЗЛЕЗИТЕ НА ЧИСТ ВОЗДУХ, МЕЃУ НАРОДОТ. АКО НЕ ПОВЕЌЕ, БАРЕМ, НИЗ СТАРАТА ПРИЛЕПСКА ЧАРШИЈА, ТАМУ КАДЕ ШТО ВРТИТЕ ВАСИЛИЧАРСКИ БУРЕЧИЊА И КАДЕ ШТО ВО УСЛОВИ НА БЕЗИДЕЈНОСТ ПЛАНИРАТЕ ДА ОРГАНИЗИРАТЕ ,,ПРИЛЕП АУТЛЕТ“, ЗА ДА ВИДИТЕ КОЛКУ ДУЌАНИ СЕ ПРАЗНИ И ЗАТВОРЕНИ, И УШТЕ КОЛКУ ПОКРАЈ СЕГАШНИТЕ 45  – МОЖНО Е ДА СЕ ЗАТВОРАТ!

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (66)

Пела Редакција

Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем (30)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (40)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе