7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (27)

Пишува Зоран Момироски

  • САШО НАУМОСКИ ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ПИ ВИТАМИНКА, ОТКАКО СО УКАЗ  Е НАЗНАЧЕН ЗА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ НА УКРАИНА, ДЕНЕСКА ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРИЛЕП, ЌЕ ГО ОТВОРИ ПРВИОТ КОНЗУЛАТ ВО ГРАДОТ ПОД МАРКОВИТЕ КУЛИ. КОНЗУЛАТОТ Е ЛОЦИРАН ВО ПИ ВИТАМИНКА И ОСНОВНА ДЕЈНОСТ Е ЗБЛИЖУВАЊЕ НА УКРАИНСКИОТ И НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ПРОМОВИРАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ДВЕТЕ ПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ, ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СТОПАНСКАТА И ЛОКАЛНАТА  СОРАБОТКА, НО И ЗА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ МЕЃУ ОПШТИНИТЕ И РЕГИОНИТЕ, НА ПРИЈАТЕЛСКА УКРАИНА СО МАКЕДОНСКИТЕ ОПШТИНИ И РЕГИОНИ. ПО ОВОЈ ПОВОД ДЕНЕСКА  УКРАИНСКАТА АМБАСАДА ВО ПРИЛЕП  ЌЕ ОДРЖИ ГОЛЕМА ЦЕРЕМОНИЈА, НА КОЈА, ПОКРАЈ ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА НА АМБАСАДАТА, ДИПЛОМАТСКИОТ КОР И МАКЕДОНСКОТО  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ И ПРЕСТАВНИЦИ ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ, ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ И СТОПАНСКИТЕ СУБЈЕКТИ ОД ЗЕМЈАВА И ОД РЕГИОНОТ.

 

  • ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВО ПРИЛЕП МОЛЧАТ И КАКО ЗМИИ ОД ЕЖ СЕ НАПИКАНИ ВО ДУПКА КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА  ДИМИТАР ТАЛЕВ. ПОЗНАТ ПРИЛЕПСКИ ПИСАТЕЛ И ЕМИГРАНТ ВО СОСЕДНА БУГАРИЈА. НА ПОСЛЕДНАТА СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКИОТ СОВЕТ МЕЃУ ДРУГОТО БИЛО ОТВОРЕНО И ПРАШАЊЕТО ШТО СО РОДНАТА КУЌА НА ТАЛЕВ?! НЕГОВИТЕ НАСЛЕДНИЦИ ЗА ДОБРА ЦЕНА, KУЌАТА, САКААТ ДА СЕ ПРОДАДЕ. НАЈЗАИНТЕРЕСИРАНA БИЛA ОФИЦИЈАЛНА СОФИЈА ПРЕКУ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕНИ ДА ЈА КУПАТ КУЌАТА КОЈА БИ БИЛА ПРЕНАМЕНЕТА ВО БУГАРСКИ КУЛТУРЕН КЛУБ. ПОРАДИ ПОЗНАТИТЕ МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИ ОДНОСИ ПРИЛЕПСКИОТ СЕКТОР ИМ ПРЕДЛОЖИЛ НА ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ ОДГОВОРНОСТА ВО СВОИ РАЦЕ. ДА СТАПАТ ВО КОНТАКТ СО НАСЛЕДНИЦИТЕ НА ТАЛЕВ, ДА УТВРДАТ ЦЕНА, А СО ПАРИ ОД РЕAЛНИОТ СЕКТОР, ОВОЈ ОБЈЕКТ ДА БИДЕ КУПЕН И ПРЕНАМЕНЕТ ИЛИ ВО МУЗЕЈ, ИЛИ ВО СПОМЕН КУЌА ИЛИ ВО ЕТНО РЕСТОРАН. НА ОВОЈ ПРЕДЛОГ ОСВЕН СО ПОЗИТИВНО КЛИМНУВАЊЕ НА ГЛАВАТА ПРИЛЕПСКИОТ ТАТКО – ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ НЕ ДАЛ ЦВРСТО ВЕТУВАЊЕ ДЕКА ОВАА ОБВРСКА ЌЕ БИДЕ ПРЕЗЕМЕНА ОД НИВНА СТРАНА И ПРЕДЛОГОТ НА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ ЌЕ БИДЕ РЕАЛИЗИРАН. ТАЛЕВ Е РОДЕН 1898 ГОДИНА ВО ПРИЛЕП. ЗА ВРЕМЕ НА ИНФОРMБИРОТО 1948 ГОДИНА Е ЗАТВОРАН ЗА ШИРЕЊЕ НА ВЕЛИКОБУГАРСКИ ШОВИНИЗАМ. ПО НЕГОВОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ  ЕМИГРИРА И ВО СОСЕДНА БУГАРИЈА, ЖИВЕЕ И ТВОРИ ДО 1966 ГОДИНА. ВО ЕДНА ПРИЛИКА, ПОКРЕВАЈЌИ ГО ПРАШАЊЕТО ЗА НЕГОВИТЕ ДЕЛА „ЖЕЛЕЗНИОТ СВЕТИЛНИК“, „ПРЕСПАНСКИТЕ КАМБАНИ“ И ДРУГИТЕ ВО РЕПОРТАЖАТА ЗА ТВ КАНАЛ 5, СЕГА ПОКОЈНИОТ АКТЕР И РЕЖИСЕР БЛАГОЈА АЛЕКСОСКИ СО ГОЛЕМ ПОЧИТ И ПИЕТЕТ МИ ЗБОРУВАШЕ ЗА НЕГОВИОТ ЛИЧЕН ПРИЈАТЕЛ ТАЛЕВ, И ЗА НИВНИТЕ СРЕДБИ ВО БУГАРИЈА. ПРИТОА, АЛЕКСОСКИ ТВРДЕШЕ ДЕКА ДИМИТАР ТАЛЕВ САМО СО ТЕЛОТО БИЛ ВО БУГАРИЈА, А СО ДУШАТА И СРЦЕТО СЕКОГАШ ЗА МАКЕДОНИЈА И ЗА НЕГОВИОТ РОДЕН ГРАД ПРИЛЕП.

 

  • САМО 450 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ОД КОИ 300 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И 150 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО СИРИЈА ЌЕ ОДАТ ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП, ОДЛУЧИЈА СОВЕТНИЦИТЕ НА ВОНРЕДНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ВОНРЕДНАТА СЕДНИЦА ОДРЖАНА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДОЦНА ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ОВИЕ ДВЕ ПРИЈАТЕЛСКИ ЗЕМЈИ. СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: ДАЛИ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ НЕ Е СРАМ САМО 5.000 ЕВРА ПОМОШ ОД БУЏЕТОТ ЗА ТУРЦИЈА?! ПОКРАЈ ОВА, СО МНОГУ ПОГОЛЕМИ И ПОВРЕДНИ ДОНАЦИИ ЗА ПОМОШ СЕ ВКЛУЧЕНИ И ГРАЃАНИТЕ И ПРИЛЕПСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ. НО, КАКО И ДА Е, И НА ЧЕСТ ДА ИМ СЛУЖИ И НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ И НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ НА ВИСИНАТА НА СРЕДСТВАТА, СЕПАК ВО ОВИЕ АКЦИИ И ОДЛУКИ НЕМА НИШТО СПОРНО, ОСВЕН ВИСИНАТА НА СРЕДСТВАТА И БРЗИНАТА НА РЕАКЦИЈАТА ВО СЛУЧАЈ НА ВАКВИ НЕСРЕЌИ. ЗА МЕНЕ, ЛИЧНО Е ПРОБЛЕМ ЧОВЕЧКИОТ И ХУМАН ОДНОС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И НА СОВЕТНИЦИТЕ. АЈДЕ ТОА ШТО СЕ СРАМИТЕ СО 5000 ЕВРА, КАКО ЕДЕН НЕ ОТВОРИВТЕ УСТА, ДА РЕЧЕ, ДА ПРЕДЛОЖИ, ПА И СО СВОЈ ЛИЧЕН ПРИМЕР, ДА РЕЧЕ И ДА СЕ ОДРЕЧИ ОД ЕДНОМЕСЕЧНИОТ СОВЕТНИЧКИ ПАУШАЛ ИЛИ ЕДНОМЕСЕЧНА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ПЛАТА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ОВИЕ ДВЕ ЗЕМЈИ?! ЗА ОДЛУКИ И ЗА ПРЕНАМЕНА НА ПАРИ ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ СИТЕ СЕ ГОЛЕМИ ОФАРДИ. АМА НИКАКО ДА СЕ СЕТИТЕ  ДА ЧЕПНИТЕ ВО ВАШИТЕ ДЛАБОКИ ЏЕБОВИ! ДА НЕ ИМАТЕ ,,ШАРКИ“ ВО ЏЕБОВИТЕ, ПА ВИ Е СТРАВ ДА ПИКНЕТЕ РАКА И ДА ГИ ИЗВАДИТЕ ДЕБЕЛИТЕ ПАРИЧНИЦИ.

 

  • СКАНДАЛ СО УЧИЛИШНИОТ ПРЕВОЗ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ГРАДОТ. ДАЛИ НА ПОВИДОК НЕМА ДА ИМАМЕ ПО БИТОЛСКИОТ ,,ТРАНСПОРТЕР“, И НАШ АВТЕТИЧЕН ПРИЛЕПСКИ?! НАМЕСТО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ДА РЕАЛИЗИРА ЈАВНА НАБАВКА НА КРАЈОТ ОД МИНАТАТА ГОДИНА, ОБВРСКАТА МУ ЈА ПРЕПУШТИЛЕ НА СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“. А ОСТАНАТИТЕ СЕ СЛОЖИЛЕ НАМЕСТО ПОЕДИНЕЧНИ ТЕНДЕРИ ДА РАСПИШАТ ЕДЕН ЗА СИТЕ УЧИЛИШТА. БИДЕЈЌИ ТЕНДЕРСКАТА ПОСТАПКА ТЕШКА 630.000 ЕВРА НЕ БИЛА БЛАГОВРЕМЕНО ЗАВРШЕНА СО АНЕКС КОЈ Е ПРОТИВ ЗАКОНСКИ ЦЕЛИОТ ПЕРИОД И ПРЕВОЗОТ Е ПРОЛОНГИРАН. ВО ЧЕТИРИ СРЕДНИ УЧИЛИШТА АМИН ЗА ОВА ПРОТИВЗАКОНСКО ПОТПИШУВАЊЕ НА АНЕКС НА АНЕКСОТ ГЛАСАЛЕ УЧИЛИШНИТЕ ОДБОРИ ВО ЧЕТИРИТЕ СОУ ВО ГРАДОВ  ОСВЕН, ОНОЈ НА СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ. ПА ТАКА, ЗА ОВИЕ УЧЕНИЦИ ОРГАНИЗИРАНИОТ ПРЕВОЗ Е ВО ПРАШАЊЕ, ИЛИ ВООПШТО ГО НЕМА. ПОРАДИ ОВА, ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ КОИ ЈА НАПРАВИЈА ЦЕЛАТА ПРОТИВЗАКОНСКА РОШОМОНИЈАДА СО УЧЕНИЧКИОТ  ПРЕВОЗ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ДА СИ ГО СТАВАТ ПРСТОТ НА УМОТ, ТИЕ ПРСТОТ ГО ВПЕРУВААТ ВО ПЕТРА ЛУКАРОСКА ДИРЕКТОР НА СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ . ТАА И УЧИЛИШНИОТ ОДБОР ОСТАНАА НА СТАВОТ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ЗАКОНИТЕ, НО НЕ И БАРАЊАТА, ПРИТИСОЦИТЕ  И  ПРОТИВЗАКОНСКИТЕ  ПОСТАПКИ НА ОПШТИНАРИТЕ.

 

  • ВНАТРЕШНИ РАЗМЕСТУВАЊА И ПРЕИМЕНУВАЊА ЈА ТРЕСАТ ПРИЛЕПСКАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА. И АКО ОФИЦИЈАЛНО НИКОЈ НЕ КОМЕНТИРА, ГЛАСИНИТЕ СЕ ДЕКА АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ КОРИСТЕЈЌИ ГО СВОЕТО ДИСКРЕЦИОНО ПРАВО РАСЧИСТУВА СО БЛИСКИТЕ ЛУЃЕ И СОРАБОТНИЦИ НА НЕГОВИОТ СОПАРТИЕЦ И ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИК МАРЈАН РИСТЕСКИ. НАМЕСТО АЛЕКСАНДАР ТАЛИМЏИОСКИ ЗА НОВ СЕКРЕТАР НА ОПШТИНАТА Е НАЗНАЧЕН МАРЈАН МАТРАКОСКИ КОЈ ДОАЃА ОД СЕКТОРОТ ОБРАЗОВАНИЕ. ИМА РАЗМЕСТЕНО ИЛИ ШТО БИ СЕ РЕКЛО ОД „БЛИЗИНА НА БОРЧЕ“ ТРГНАТИ СЕ И ЕКСПРЕСНО ВО ДРУГИ КАНЦЕЛАРИИ СЕ СМЕСТЕНИ ДЕЛ ОД НЕГОВИТЕ НАЈГЛАСНИ КРИТИЧАРИ, ИНАКУ ЧЛЕНОВИ И ПОДДРЖУВАЧИ НА ВМРО-ДПМНЕ. БЕЗ РАЗЛИКА НА НИВНАТА ПАРТИСКА ПРИПАДНОСТ ВО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ НЕ СЕ ВАЖНИ НИВНИТЕ ДОЛГОГОДИШНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ИСКУСТВА. ВАЖНИ МУ СЕ САМО ВЕРНИ, НО НЕ И ВРЕДНИ.

 

  • ДЕНОВИВЕ СОСЕМА СЛУЧАЈНО СЛУШАМ ЕДЕН РАЗГОВОР НА ИНСПЕКТОРИ ОД ПОЛИЦИЈАТА. МЕЃУ ДРУГОТО ТИ ИМАЛО ОБУКА ЗА НИВНА ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ. ЕДНИОТ МУ ВЕЛИ: ЗА КАКВА ЕФИКАСНОСТ МОЖЕ ДА СЕ ГОВОРИ КОГА ИНСПЕКТОР СО ГОЛЕМ ОПЕРАТИВЕН ОПСЕГ ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ ЗЕМА ПЛАТА ОД 28.000 ДО 30.000 ДЕНАРИ, А НА ПРИМЕР, ЕДНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА БЛИСКА ДО АКТУЕЛНОТО РАКОВОДСТВО ВО БОЛНИЦАТА СО НЕЗАСЛУЖЕНИ ПОЗИЦИИ И СОМНИТЕЛНИ ДОДАТОЦИ ТИ ЗЕМАЛА НАД 40.000 ДЕНАРИ, А ТИ ИМАЛО И ТАКВИ СО 54.000 ДЕНАРИ?! ГО СЛУШАМ РАЗГОВОРОТ И СИ ВЕЛАМ: АМАН БРЕ ШТО МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ЌЕ БЕШЕ СО ПЛАТИ КОЛКУ ДОКТОР ПО ОПШТА МЕДИЦИНА?! И КАКО ОВИЕ  ПОЛИЦИСКИ ИНСПЕКТОРИ, ПА И ОНИЕ ИНСПЕКТОРИ ОД УЈП СО БЕЗМАЛКУ ДВАПАТИ ПОМАЛА ПЛАТА, САКАМЕ ДА СЕ БОРАТ СО КРИМИНАЛОТ!!!

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (58)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем!(45)

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (52)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе