7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

По состојбата со прилепската болница се огласи ОК на ВМРО ДПМНЕ

По состојбата со прилепската болница денеска прес-конференција одржаа од ОК На ВМРО ДПМНЕ. Стефани Стојаноска, на пресот ја повика директорката на болницата да си даде оставка: 
„Помина речиси една недела, а се’ уште нема официјално соопштение или изјава од директорката Кети Смилеска, во врска со неколкуте интрахоспитални инфекции и смртта на една пациентка.
Кети Смилеска најмалку што може да направи е да не се крие, да излезе во јавност и да ги запознае граѓаните на Прилеп со хаосот кој се случува во прилепската болница.
Прочитавме од медиумите дека имало забрана за операции во прилепската болница, па прашуваме дали директорката има потпишано наредби за ваквата забрана? Нашите сознанија говорат дека писмо од комисијата за интрахоспитални инфекции било испратено до директорката на 15.02.2023, а истото било распределено до одделенијата дури на 21.02.2023 година, прашање е зошто се чекало да помине толкав временски периодт? За сомнежот да биде уште поголем, нема никакво соопштение од оваа комисија, ниту пак се знае кој членува во истата и целата работа како да се чува во тајност.
Кети Смилеска да одговори дали за време на нејзиното директорување, се одржуваат редовни началнички состаноци како што било пракса во минатото, или истите се одржуваат еднаш месечно или кога таа ќе има време? За проширени состаноци со сите доктори, да не ни станува збор?!
Директорката Кети Смилеска треба да разбере дека менаџирањето со болницата не е хоби, туку сериозна работа, која задира во животот и здравјето на луѓето. Безредието и хаосот кои владеат во здравството, недозволиво е да се плаќаат со човечки животи и загуби.
ВМРО -ДПМНЕ застанува со поддршка за докторите и здравствените работници. Вината за ваквата ситуација наместо во жртвени јагниња како по обичај кога СДС е на власт, треба да се бара во лошото менаџирање со институциите и раководниот тим. Ја повикуваме Кети Смилеска од морални причини да си даде неотповиклива оставка, бидејќи нема министер за здравство кој би можел да ја разреши. Пазар 3 коалицијата, која функционира на база „Купи ден продај“, мора да биде поразена што побрзо на избори. Граѓаните заслужуваат централна власт која со максимална грижа и посветеност ќе ја врати довербата во институциите.„-рече Стојаноска

Би можело да ве интересира

Димитриевски: нема да дозволам Македонецот да биде граѓанин од втор ред во својата држава

Пела Редакција

Заклучно со денеска пријавување на дисјаспората! Утре, четврток, е крајниот рок за увид во Избирачкиот список за граѓаните

Ристески: Во првите 100 дена, ќе иницираме постапка за 500 нови ургентни вработувања во здравството

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе