Вчера во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.К.(50) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок , информираа од МВР.