7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем! (36)

Пишува: Зоран Момироски

  • ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ – ВЕЛИГДЕН ПОМИНА. ЌЕ ПОМИНЕ И РАМАЗАН БАЈРАМ. ОСТАНУВААТ ПРОБЛЕМИТЕ И  ПРОТИВРЕЧНОСТИТЕ ОД ВРЕМЕТО ВО КОЕ ЖИВЕЕМЕ. ПА ТАКА, РОШОМОНИЈАДАТА СО ПЛАТИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НЕ САМО ШТО ГО РАСИПА ВЕЛИГДЕНСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ, ТУКУ И ГО ЗГОЛЕМИ. НАД 80 ВРАБОТЕНИ ВО ПИСМЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ  ТВРДАТ ДЕКА ЗА МНОГУ БРЗО НА ВРАТИТЕ ОД ОПШТИНАТА ЌЕ ЧУКНАТ ПОВЕЌЕ НАДЛЕЖНИ ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ. БИДЕЈЌИ СО НОВИТЕ ФЕВРУАРСКИ  РЕШЕНИЈА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ СЕ ДРЗНАЛ ДА  ,,ДЕЛИ НЕЗАКОНСКИ ГРАТИС“ БОДОВИ И ТОА  БЕЗ ПОСТОЕЧКИ ПРАВИЛНИК. ПА ТАКА БОКИО „ОД РАКАВ“ НА НЕКОИ ИМ ДАЛ 1 БОД, НА ДРУГИ ПО 8 БОДОВИ, А НА ТРЕТИ 40 И 45 БОДОВИ. НАВОДНО, ОВА, ПОРАДИ УСОГЛАСУВАЊЕ СО МИНИМАЛНАТА ПЛАТА. ДВАЕСЕТИНА ОД ЛОКАЛНА СЕ ОХРАБРИЛЕ  И ПОДНЕЛЕ ЖАЛБИ  НА ОВИЕ РЕШЕНИЈА ДО СООДВЕТНИТЕ КОМИСИИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА. НА 5 ти ОВОЈ МЕСЕЦ ОД КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА ДОНЕЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА ДА СЕ ИСПРАВИ ОВАА НЕПРАВДА, АМА ОНИЕ  КОИ НЕ ГО ИСКОРИСТИЛЕ  ПРАВОТО НА ЖАЛБА ОСТАНАЛЕ СО ,,ПРСТОТ ВО УСТА“. СПОРЕД НЕЗАДОВОЛНИТЕ, СЕГА МЕЃУ ВРАБОТЕНИТЕ ИМА ГОЛЕМА ДИСКРИМИНАЦИЈА, НО И РАЗЛИКА ВО ПЛАТИ ОД 3500 ДО 5000 ДЕНАРИ. ТИЕ СЕ СОМНЕВААТ  ДЕКА СО ОВОЈ ПОТЕГ ЛУЃЕ ОД СЛУЖБИТЕ  ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ГО „МЕСТАТ“ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ  ЈОВЧЕСКИ. ОСОБЕНО ОТКАКО ЕКС СЕКРЕТАРОТ НА ОПШТИНАТА  АЛЕКСАНДАР ТАЛИМЏИОСКИ-ТАЛИМО Е СТАВЕН ВО ,,ИЗОЛАЦИЈА“. ИНТЕРЕСНО Е ШТО ВО ОБЕСПРАВЕНИТЕ  ИМА ЧЛЕНОВИ И ПОДДРЖУВАЧИ И ОД ВМРО-ДПМНЕ И ОД СДСМ. ТИЕ ЗА ОВА  ГИ ИНФОРМИРАЛЕ  ПАРТИИТЕ КОИ ИМААТ СОВЕТНИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА. ОД ЗА НИВ НЕРАЗБИРЛИВИ ПРИЧИНИ СИТЕ СИ МОЛЧАТ. НЕМА ЈАВНА РЕАКЦИЈА ОД СДСМ КОЈА СЕ БОРИ ДА ОСВОИ ЛОКАЛНА ВЛАСТ, А НЕМА РЕАКЦИЈА И ОД ВМРО-ДПМНЕ КОЈА НЕ САКА ДА ГО „ЗАУЗДИ“ САМОВОЛИЕТО  НА БОРЧЕ. ИАКО КАКО ЛОКАЛНА ВЛАСТ СЕ  ГУБИ ПОДДРШКАТА И ОД ПОДДРЖУВАЧИТЕ И ОД ЧЛЕНСТВОТО, СТОИ ВО ОВАА ПИСМЕНА ВЕЛИГДЕНСКА РЕАКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП.

 

  • И ВО ПРИЛЕП ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ КАРАВАН НА СДСМ „РАМО ДО РАМО ДО ПОБЕДА“. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ГИ ГЛЕДАМ ФОТОГРАФИИВЕ ОД ДЕШАВКАВА ВО ПРИЛЕП И СИ ВЕЛАМ: ДОБРО БЕ ЛУЃЕ, МОТОВО ВИ Е ЕПТЕН ДОБРО. АМА РАМО ДО РАМО ЗАСТАНУВААТ САМО РАМНОПРАВНИ! ПРОБЛЕМ Е ВО ОДГОВОРОТ НА ПРАШАЊЕТО: КАКО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЧЛЕНСТВОТО ЌЕ ЗАСТАНЕ РАМО ДО РАМО – КОГА МЕСЕЦОТ ГО МИНУВА СО 400 ЕВРА?! А ВИЕ ,,УГИЧИВЕ“ ВКЛУЧЕНИ ВО КАРАВАНОВ МЕСЕЦОТ ГО МИНУВАТЕ СО 1200 ЕВРА, ПА И ПОВЕЌЕ! ВТОРО, ВЕЛИТЕ:РАМО ДО РАМО, А СТЕ ЗАСТАНАЛЕ ВИЕ „ГОЛЕМИВЕ“ НАСПРОТИВ НАС „МАЛИВЕ“!!! ПА ЕДНО ОРО, РАМО ДО РАМО СЕ ИГРА ВО КРУГ, А НЕ ВАКА?! ИЛИ ПАК САКАТЕ  МЕЃУ РЕДОВИ ДА МУ КАЖЕТЕ НА НАРОДОВ: ВИЕ ТАМУ ШТО СЛУШАТЕ ЗАСТАНЕТЕ РАМО ДО РАМО, СО ВАС ДА ПОБЕДИМЕ, А НИЕ ОД СПРОТИВНАВА СТРАНА РАМО ДО РАМО ДА ГИ СОБИРАМЕ ПЛОДОВИТЕ ОД ТАА ПОБЕДА!!! АБЕ ДРУГАРЧИЊА ЈА ЗНАЕТЕ ОНАА СРПСКАНА НАРОДНА: И КОД БАБЕ НЕМА ВИШЕ ЏАБЕ !!!

 

  • НЕНАЈАВЕНА ПРЕДВЕЛИГДЕНСКА ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ФАТМИР МЕЏИТИ ВО ПРИЛЕПСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА. ОД ОВАА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ИНФОРМИРААТ ДЕКА ТОЈ БИЛ ВО БОЛНИЦАТА КАКО ДЕЛ ОД НЕГОВИОТ ПЛАН ЗА ПОСЕТИ НА СИТЕ РЕГИОНАЛНИ БОЛНИЦИ. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ Е ШТО ОВОЈ „НАВИДУМ ЕФТИН СПИН“ ПРОИЗЛЕГУВА ОД ПОСЕТАТА НА МЕЏИТИ НА ПРОПАТУВАЊЕ ПО НЕГОВИОТ ПРЕСТОЈ И КОНТРОЛА ВО БИТОЛСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА. ВО КОЈА, ЗА 10 ДЕНА ИМАШЕ  ДВА СМРТНИ СЛУЧАЕВИ, 6 ГОДИШНАТА ЈАНА ОД БИТОЛСКОТО СЕЛО КРАВАРИ И НОВОРОДЕНЧЕ ОД 24 ГОДИШНА БИТОЛЧАНКА ПРВОРОТКА. ПРИ ОВАА ПОСЕТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА БОЛНИЦАТА, СЕ ПОТВРДИЛО И ДОКАЖАЛО ДЕКА ВО ПРИЛЕП СЕ РАБОТЕЛО СЕРИОЗНО И НАПОРНО НА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ. И УСТАНОВАТА ПРЕТСТАВУВАЛА ПРИМЕР ЗА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ, СТОИ ВО СООПШТЕНИЕТО ОД БОЛНИЦАТА И ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО. ШТО КАЖАЛ МЕЏИТИ, НЕЗНАМ, ИСТО КАКО ШТО НЕЗНАМ ЗОШТО ,,ИТНО“ НЕ БИЛЕ ПОВИКАНИ НОВИНАРИ ЗА И ТИЕ ДА ПОСТАВАТ ПРАШАЊА, А ГИ ИМА ПОВЕЌЕ ОД КОНСТАТИРАНОТО  ПО ОВАА ПОСЕТА?! КАКО ТОА МИНИСТЕРОТ ДОЈДЕ БЕЗ НАЈАВА  ВО ПРИЛЕП, А „СВАТОВИТЕ“ ОД РАКОВОДСТВОТО ДО ЕДЕН НА БРОЈ РАМО ДО РАМО СО МЕЏИТИ?! КАКО И ДА Е, ФАКТ Е ДЕКА ПРИЛЕПСКАТА ВО МНОГУ СЕГМЕНТИ Е ПОДОБРА ОД БИТОЛСКАТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА. НО ТОА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕМА ТЕКОВНИ И ДРУГИ СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ. СЕ’ МИ СЕ ЧИНИ ДЕКА НА НЕКОЈ КАКО ДА МУ БИЛО „СТРАВ“ ДА ПОВИКА НОВИНАРИ И КАМЕРИ, ПА СО НЕЗГОДНИ ПРАШАЊА ДА ГО ЗАДРЖАТ ПОДОЛГО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МИНИСТЕРОТ?! А ЧОВЕКОТ НЕЗАДОВОЛЕН ОД БИТОЛА И ЗАДОВОЛЕН ОД ПРИЛЕП –ЗНАЧИ  СО ИЗМЕШАНИ ЧУСТВА  ТРЕБАЛО НАВЕЧЕР ДА ПАТУВА ДО СКОПЈЕ. И НАЈСМЕШНО Е ШТО НА ЕДЕН ОД ФБ ПРОФИЛИТЕ ПОКРАЈ ОФИЦИЈАЛНОТО  СООПШТЕНИЕ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НА КРАЈОТ БЕШЕ ДОДАДЕНО: ГОРДИ НА НАШИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ!!! ГОРДИ НА ДИРЕКТОРКАТА КЕТИ СМИЛЕСКА !!! ОВА МЕ ПОТСЕТУВА НА ЕДНО ВРЕМЕ МИНАТО КОГА МИЛЕ ТАЛЕВСКИ БЕШЕ РАЗРЕШЕН ОД ЗОРАН ЗАЕВ  ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ. ПА СО ПЕТИЦИЈА: ГОРДИ СМЕ НА МИЛЕ НАПИШАНА  ОД  НЕГОВАТА ТАЈФА, ПАК ЗА МИР ВО ПАРТИЈАТА, ТОЈ ПАК БЕШЕ ВРАТЕН ЗА ПРВ ЧОВЕК НА ОО НА СДСМ-ПРИЛЕП.

 

  • НЕ Е ПРОБЛЕМ ШТО ДИРЕКТОРОТ НА ЈК КОМУНАЛЕЦ РУБИН АБРАШОСКИ ,,ПЛАЧЕШЕ“ ЗА ПАРИ. НЕ Е ПРОБЛЕМ И ТОА ШТО СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА  МУ ОДОБРИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА  УСЛУГИТЕ, А СО ТОА И НА СМЕТКИТЕ ЗА 67 %. ПРОБЛЕМ Е ШТО СОЛЗИВЕ ОД РУБИН НИКАКО ДА ЗАПРАТ. СЕГА СОЛЗИ МУ НАВИРААТ БИДЕЈЌИ  Е НЕЗАДОВОЛЕН САМ ОД СЕБЕ И ОД  ХИГИЕНАТА ВО ГРАДОТ. ЗНАЕ АБРАШО КОЛКУ И КАКО БЕШЕ ЧИСТ ПРИЛЕП ЗА ВРЕМЕ НА ЏЕКЧЕТО. ЗНАЕ ДЕКА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ЦЕНИ НА УСЛУГИТЕ ТЕШКО МОЖЕ ДА ГИ ОПРАВДА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ. НО ОВОЈ ПАТ ТОЈ ПОЧНАЛ ДА ,,ПЛАЧИ“ И ДА  СЕ ЖАЛИ ДЕКА ИМАЛО ОД ОДРЖУВАЧИТЕ НА ХИГИЕНА НА УЛИЦИТЕ И ТРАТОАРИТЕ ШТО НЕ  МУ РАБОТЕЛЕ  КАКО ТРЕБА. ОД 100 ЕДВАЈ ДАЛИ 30 КВАЛИТЕТНО СИ ЈА ИЗВРШУВААТ РАБОТНАТА ОБВРСКА. ПРОБЛЕМОТ ДА БИДЕ УШТЕ ПОГОЛЕМ  БИЛ ШТО  ДЕЛ ОД НИВ, МИСЛАМ ОВИЕ ШТО СИ ЈА РАБОТАТ РАБОТАТА ЧЕСНО И КВАЛИТЕТНО, ПОЧНАЛЕ ДА ЗЕМААТ ПОВЕЌЕМЕСЕЧНО НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВО  ЗА  ДА ОДАТ НА СЕЗОНСКО РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО ХРВАТСКА. АМА ОВИЕ МАКИ НА РУБИН ГРАЃАНИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРААТ. ЗА ПОВИСОКИ ЦЕНИ И СМЕТКИ ТИЕ ИМААТ ПОНЕЧИСТИ УЛИЦИ И ТРАТОАРИ. ИМААТ НЕСООДВЕТНА ХИГИЕНА И ПОГОЛЕМО НЕЗАДОВОЛСТВО.

 

  • ПОЛИЦАЈЦИ ВО МЕЃУСЕБНА ТЕПАЧКА ВО КРИВОГАШТАНИ. ДВАЈЦА СЕ ТЕПААТ ЕДНИОТ ГИ БРАНИ И СЕ ОБИДУВА ДА СПРЕЧИ ПОГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ. А ПОЛИЦАЈЦИВЕ СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ТИ БИЛЕ ОД ЖИТОШЕ. ГО ГЛЕДАМ ВИДЕОТО СПОДЕЛЕНО НА СТОТИНА ПОРТАЛИ, А ГИ ЧИТАМ КОМЕНТАРИВЕ ОД ГРАЃАНИВЕ. И СИ ВЕЛАМ: ДОБРО БЕ ЛУЃЕ ПРЕКУ ПАРТИСКИ И ДРУГИ ВРСКИ ВО ОВАА ДРЖАВА ЗНАЕ НЕКОЈ НА КОЈ ИМ СЕ ДАДЕНИ: ЗНАЧКА, ПИШТОЛ, ЛЕГИТИМАЦИЈА И ОВЛАСТУВАЊЕ?! ДАЛИ ЗНААТ ШТО ЗНАЧИ УНИФОРМА И КАКО СЕ ЧУВА НЕЈЗИНИОТ ИНТЕГРИТЕТ И ВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПОЛИЦИЈАТА?! И НАЈПОСЛЕ, ДАЛИ ЗНАЕ НЕКОЈ КАКО ОВОЈ СКАНДАЛ ЌЕ СЕ ОДРАЗИ НА ЧЕСНИТЕ ЛУЃЕ ВО ПОЛИЦИЈА КОИ ЈА НОСАТ ИСТАТА ТАА УНИФОРМА, ИСТИОТ ТИП НА ПИШТОЛ И ИСТИТЕ ОВЛАСТУВАЊА?! ОДГОВОРОТ НА СИТЕ ОВИЕ ПРАШАЊА ГО ПРОНАЈДОВ ВО ЕДЕН ОД ЈАВНИТЕ КОМЕНТАРИ СО ПРАШАЊЕ: БИДЕЈЌИ СТАНУВА ЗБОР ЗА ПОЛИЦАЈЦИ ВО УНИФОРМА КОИ ГО  НАРУШУВААТ ЈАВНИОТ РЕД И МИР, КОЈ БИ СЕ ОСУДИЛ ДА СЕ ЈАВИ И КОИ ПОЛИЦАЈЦИ БИ ИНТЕРВЕНИРАЛЕ И ТОА ИТНО, ПА И  НАВЕЧЕР ВО КРИВОГАШТАНИ ДА ГО РАСЧИСТАТ ОВОЈ ИНЦИДЕНТ?!?

 

  • И АХИЛ ЈАКОВ ДИРЕКТОРОТ НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ПРИЛЕП ГО ФАТИЛ,,БЕСОТ“ И РЕШИЛ ЦЕЛОСНО ДА ГО ВОЗОБНОВИ УЧИЛИШТЕТО ПО СОВРЕМЕН- ЕВРОПСКИ ТЕРК И СТАНДАРД. ВО ПОСЛЕДНАТА НЕГОВА АКЦИЈА ГО ИСЧИСТИЛ ПОДРУМОТ НА ОБЈЕКТОТ КОЈ ШТО 60 ГОДИНИ  СЛУЖЕЛ ЗА ОТПАД И ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ЈАГЛЕН ЗА ЗИМСКИ  ПОТРЕБИ НА УЧИЛИШТЕТО. СО ОВОЈ ПРОЕКТ   ЗГРАДАТА ДОБИ 865 МЕТРИ КВАДРАТНИ КОРИСЕН ПРОСТОР. СЕГА ТОА НИТУ ЛИЧИ, НИТУ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕТПОСТАВИ ДЕКА БИЛО ,,ДУВЛО“ НА СТАОРЦИ И ИЗВОР НА ЗАРАЗА. ИМА ПРОСТОРИИ ЗА МЕДИОТЕКА, САЛИ ЗА ФИЗИЧКО ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПОМАЛИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА, СОВРЕМЕНИ ПРОСТОРИИ ЗА ПРЕСТОЈ НА ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ТЕХНИЧКИОТ КАДАР И ПРОСТОРИИ КОИ СО ЗАДОВОЛСТВО ЌЕ ГИ КОРИСТАТ И УЧЕНИЦИТЕ, АМА И НАСТАВНИЦИТЕ. ЗА ОВОЈ ПРОЕКТ МАТЕМАТИКАТА ПОКАЖУВАЛА 2 МИЛИОНИ И 300 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ. АХИЛ НАШОЛ НАЧИН И ГО НАПРАВИЛ ЗА 1 МИЛИОН И 600 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, ПАРИ ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ. СО ПРЕТХОДНИТЕ ЗАФАТИ И АКЦИИ УЧИЛИШТЕТО ДОБИ НОВ ГРАДСКИ ЛИК И ИМИЏ. ДИРЕКТОРОВ НА УЧИЛИШТЕВО ГОЛЕМ ИНАЕТЧИЈА,  ВО СВОЈ МАНИР, ОЧИГЛЕДНО САКА ДА ПОКАЖЕ И ДА ГИ ДОКАЖЕ СВОИТЕ ОРГАНИЗАЦИСКИ СПОСОБНОСТИ И ПЛАНОВИ. СИ ВЕЛАМ: ДОБРО БЕ АХИЛ КАДЕ СИ ,,ОПНАЛ“ СО ТОЛКУ ГОЛЕМА АМБИЦИЈА?! СЕГА  ПРИЛЕП Е СО ПОИНАКВИ КРИТЕРУМИ, СО МНОГУ ЗЛОБА, ЗАВИСТ И РЕВАНШИЗАМ. КРИТЕРИУМИТЕ ОД ВРЕМЕТО КОГА ОВОЈ ГРАД БЕШЕ ГРАД НА ГРАЃАНИТЕ И НА СПОСОБНИТЕ ОДАМНА Е ПОМИНАТО. СЕГА Е ВРЕМЕ НА ВЕРНИ И НЕСПОСОБНИ. ЗАТОА ВНИМАВАЈ ШТО И КОЛКУ ПРАВИШ ВО ОВА ВРЕМЕ – НЕВРЕМЕ.

  

   

Би можело да ве интересира

Филмски викенд во паркот на Могила

Елизабета Филипоска

Сопругата на Деркоски стана сопственик на еден од најголемите логистички центри за транспорт и шпедиција

Пела Редакција

Од повеќе локални водоводни системи во прилепско, водата не одговара за употреба

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе