7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Патот на успехот“-промоција на две книги од д-р Наде Караџоска

„Патот нa успехот“ беше насловена денешната промоција на дела од д-р Наде Караџоска, библиотекар, вљубеник во својата професија со која остави печат врз културна историја на Прилеп. Градската библиотека „Борка Талески“, нејзината матична куќа речиси 4 децении сведочи за плодната дејност на Караџоска во Прилеп, за градот, за Македонија во областа на библиотекарството. Промоцијата на нејзините книги  „Библиотекарството во Прилеп – историски развој“ и „Културната политика и манаџирањето во библиотечната дејност“ е всушност заокружување на една плодна кариера.

Кон професионалниот анганжман на д-р Караџоска и кон книгата „Културната политика и манаџирањето во библиотечната дејност“ се осврна м-р Јелена Петровска, библитекарски советник при Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“, Битола.

– Широк е дијапазонот на творештвото на д-р Наде Караџоска, почнувајќи од нејзината прва библиографија објавена 1998 г., тоа е хронолошка библиографија на Народниот театар Војдан Чернодрински. Интересот за пишување на библиографии на Нада е пасија низ нејзниот професионален анганжман. Ќе ја спомнеме библиографијата „Шахот во Прилеп“, за Света Петка, „Прилепските спортски големини“ со уште еден автор Драги Башески во 2015 год,  па се до учество во изработка на библиотечни каталози, како и монографија за Борка Талески, како една од тројцата автори, посочи Петровска.

Книгата „Библиотекарството во Прилеп, историски развој“ е драгоцен пример кон македонската културна историја, истакна уметничкиот критичар Слободан Беличански.

-Градската библиотека Борка Талески успеа во својот долгогодишен развој да го достигне културниот идеал – библиотеката да биде доживеана од нејзините посетители како топол и срдечен дом. Книгата содржи 118 страници богато илустрирана, со пригодни фотографии, а содржината, опфатот и пристапот кон обработката на темите покажуваат дека Наде Караџоска суверено владее со стручно научната методологија за пишување и за истражување на теми од областа на културната историја. Читателот ќе најде многу интересни нешта, непознати или помалку познати нешта што ја чинат македонската библиотечна историја, рече Беличански осврнувајќи се кон „Библиотекарството во Прилеп, историски развој“ издадена 2020 година.

За придонесот на Караџоска во воспоставувањето на меѓународната библиотечна соработка свое обраќање имаше Драгана Типсаревиќ, библиотекарски советник од Кралево Република Србија.

Д-р Наде Караџоска е автор на 15 – тина монографски публикации и библиографии и над 30 стручни и научни трудови во Македонија и странство. Во последните 15 години Караџоска се грижи за Роднокрајниот оддел и Раритетната збирка во Градската библиотека, како и за изработка на библиографии и монографски публикации во доменот на библиотечната дејност и современите трендови во библиотечното работење, односно менаџментот и маркетингот.

 

Би можело да ве интересира

Изминатата седмица 94 нови Ковид случаи во општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Концерт на Македонски брас квартет во НУЦК „Марко Цепенков“

Гордана Цветаноска

Конкурсот објавен – Општините ќе добијат 250 милиони евра помош од Владата за проекти

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе