7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Седница на Совет на Општина Прилеп со многу дискусии и советнички прашања

Помина 28-та Седница на Советот на општина Прилеп, со многу прекини во однос на 18 те предложени точки. Воедно,  градоначалникот одговараше на стартот на седницата на низа советнички прашања. Градоначалникот беше прашан  „по кои кретириуми ќе се одржи Пивофестот, зошто сеуште нема јавен повик за критериумите за учество на оваа манифестација ?“, „дали ќе се изгради новата катна гаража“, “дали ќе се асфалтирa пат долг 2 км. во с. Мажучиште„, „дали с. Канатларци ќе добие квалитетно водоснабдување„ итн..

Тоа беше во контекст на давање согласност за дополнување на планот на развојни програми на Општина Прилеп за 2023-2025 година на која мнозинството од советниците одлучија да дадат согласност и да ја поддржаа одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година.

На оваа седница Советот на Општина Прилеп одлучи  да им  даде поддршка на програмите за субвенционирани јавните комунални претпријатија за 2023 година и ја поддржа одлуката за распределба на финансиските средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, наменети за финансирање на спортски клубови, и  здруженија и фондации во областа на спортот, клтурниот и општествениот живот.

Дискусија настана и по точката за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на стапката на данок на имот. Опозицијата прашуваше дали со оваа одлука  граѓаните ќе плаќаат повисок данок на имот, а раковдителот на финасии при ЛС се обидуваше да разјасне дека општината одговорно пристапува кон репроценка на вредноста на имотите на граѓаните,  тврдејќи дека даночните обврзници нема да бидат обесправени со новиот начи на плаќање на данок на имот. Стана збор и за измена и дополнување на Одлуката за организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на Општинската администрација на Општина Прилеп, на кои советниците дискутираа и дебатираа.

Советниците, според дневниот ред, ја изгласаа одлуката за утврдување на потребата за поставување урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Прилеп ,а дадоа согласност и  за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработенит во ЈОУДГ.

На оваа седница советниците дадоа согласност и за годишните планови за вработување во 2024 година на две основни училишта: ООУ “Климент Охридски”-Прилеп и ООУ “Кочо Рацин”-Прилеп. Воедно, Советот на Општина Прилеп одлучи да ја прифати предлог-одлука за откажување на корисничкото право на градежно земјиште на две КП:  КП 20894 и на КП 12156.

Би можело да ве интересира

Jовчески: Прилеп го наследивме со 5 милиони евра долг, со добро менаџирање успеавме речиси да го исплатиме

Пела Редакција

30 денари од наплатата за паркинг простор за ПИВО ФЕСТ-от ќе биде наменет за хуманитарни цели одлучија советниците

Гордана Цветаноска

Отворена изложбата „Благовестие во бои“ по повод „Св. Никола“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе