Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) одржа седницата на Управниот одбор на која гостин беше градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, каде беше потпишан Меморандум за институционална соработка помеѓу Општина Прилеп, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) и Стопанска комора на Македонија – Турција – МАТТО. На средбата присуствуваа и претседателката на Регионлната стопанска комора -Прилеп, Ирена Јакимовска од Комфи Ангел и стопанственикот , Сашо Наумоски од Витаминка.
На средбата се разговарало за можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион и можностите за соработка помеѓу институциите, со цел остварување соработка, размена на искуства, информации, во насока на унапредување на бизнис климата на локално, регионално, национално и меѓународно ниво.