После пауза од 2 години Тур Де Галичица се враќа на сцената од 07 до 09 јули , со побогато и проширено издание на кое ќе бидат застапени неколку видови на спортови:
• Велосипедизам
• Спортско качување
• Параглајдинг
• Планинарење
• Трчање на 5км низ улиците на Ресен
Домаќини на настанот се Општина Ресен, Велосипедски и планинарски клуб „ПРЕСПА БАЈК“ и Националниот парк Галичица. Истите ќе се погрижат Преспа да биде центар на активниот туризам и ќе им понудат тродневно уживање на љубителите на спортот, природата и на вкусната храна и мезалаци.
За спортското качување ќе се погрижат инструктори од Спортско качувачка федерација на Македонија , кои ќе постават јажиња на неколку насоки со различна тежина и ќе им помогнат на сите оние кои што ќе сакаат да пробаат да качуваат. Параглајдинг летовите се во организација на клубот за параглајдинг „КОНДОР“ од Прилеп.