5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Со еден милион денари ќе учествува општината во изградбата на инклузивно детско игралиште на Могила

Советот на Општина Прилеп на својата 30ta седница едногласно донесе одлука, со 1 милион денари да учествува во  конфинасирање за изградба на инклузивното детско игралиште на Могила, проект од УНДП, со поддршка  од швајцарската Влада.

За реализација на проектот вкупниот буџет изнесува околу 60.000 долари, од кои што Општина Прилеп има обврска да учествува со кофинансирање од 20%.

 

 

Прилеп како еден од 10-те пилот-општини од Програмата „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“, до крајот на година ќе треба да го изгради инклузивното детско игралиште на Могила ,  кои според граѓаните е приоритет  на локалната заедница.  Одлуката за изградбата на игралиштето ја донесеоа  граѓаните  на форумска сесија на заедниците,на кој аучествуваа граѓани од различни порфили.

„Како Совет на Општина Прилеп дојдовме и до финалната фаза на она што го работевме како нов процес во нашата општина и она што го дадовме во Статутот на Општина Прилеп, а тоа е нова форма на граѓанско одлучување. Граѓаните учествуваа на четири форумски сесии и донесоа одлука дека тоа е најприоритетно што треба Општина Прилеп да го направи“ – истакна Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски

Проект е наменет за сите деца и ќе им овозможи на младите да уживаат во играта и забавата на отворено.

Би можело да ве интересира

Одбележана неделата на грижа на стари лица – учениците од прилепското основно училиште Кире Гаврилоски – Јане ги развеселија штитениците од старскиот дом во Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (48)

Пела Редакција

ОК ВМРО ДПМНЕ: Министерот Љупчо Николоски остана глув на барањата на тутунарите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе