-0.8 C
Прилеп
недела, 5 јануари, 2025
Пела Радио

Запалил ѓубре на патот кај вештачкото езеро и ќе предизвикал пожар

Вчера, во 08.45 часот на патот за вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.И.(32) од Прилеп.

Тој како што информира полицијата, на патот запалил отпад во близина на сува трева на стрниште и на тој начин ја довел во опасност безбедноста на граѓаните.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Територијалната противпожарна единица Прилеп апелираше до граѓаните да се однесуваат одговорно при  движење во природа да не предизвикаaт пожар, особено во овој период кога имаме виски температури,информирајќи дека со ова се зголемува и опасноста од пожари на отворен простор.

Би можело да ве интересира

Пронајдено оружје, дрога, голема сума пари…

Гордана Цветаноска

(ФОТО)Запленети 48 килограми дрога – приведени тројца дилери од с. Дебрешете

Елизабета Филипоска

По пад од трактор почина шестгодишно дете од с. Дебреште

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе