11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп субвенционираше 395 граѓани кои купија велосипеди

Во рамките на мерката за подобрување на квалитетот на животната средина во Прилеп, општината финансиски поддржа 395 граѓани со подмирување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди. За оваа намена општината издвои финансиски средства од Буџетот во висина од 2.000.000 денари. Средствата што Општина Прилеп ги обезбеди се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари, а субвенционирањето се одвиваше по принципот – „прв дојден, прв услужен “, односно до исцрпување на предвидените финансиски средства наменети за оваа општинска мерка.

“Субвенцијата подразбираше покривање на дел од трошоците, а целта е стимулирање на граѓаните на општина Прилеп за користење велосипед како превозно средство, особено низ градот, со што значително би се придонесело кон зачувување на животната средина и намалување на загадувањето предизвикано од сообраќајот,“ истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески. Инаку, право на аплицирање, по јавниот повик, имаа сите граѓани на Општина Прилеп кои имаат купено нов велосипед од 12.06-12.07.2023 година и ги имаа поднесено соодветните потребни документи за надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед.
Оваа мерка е дел од проектите на Општина Прилеп за подобрување на квалитетот на животната средина во Прилеп и здравјето на луѓето.

Би можело да ве интересира

Јанески: ЈКП Водовод и Канализација Прилеп води успешна битка за справување со кризата за вода

Гордана Цветаноска

На 15 ноември започнува задолжителното поседување зимска опрема во возилата

Пела Редакција

Избрано ново претседателство на Македонската заедница во Чешка

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе