11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Издашноста на Студенчица е одлична, водоснабдувањето во Прилеп се одвива непречено (ВИДЕО)

Водоснабдувањето во Прилеп е нормално и со здравствено исправна вода. Денеска во Прилеп стигнуваат 337 л/секунда, што според Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп се преголема количина на вода. Изворот Студенчица е во одлична кондиција бидејќи издашноста изнесува од 1700 до 1800 л/с .

– Од нив 300 л/с се од Студенчица, а 37 литри од наши сопствени извори. Водоснабдувањето како никогаш досега, при олку високи температури, портокалова зона во град Прилеп е нормално и во никој дел од градот немаме проблем со водоснабдувањето. Во моментов матноста на водата е во рамките на дозволеното. За прв пат е поставен турбинометар со кој што се мери заматувањето на водата и со таа опрема може да се следи состојбата, посочи Гулабоски, нагласувајќи дека овој мерач се монтира заедно со СКАДА системот.

Тоа значи дека за една третина повеќе од нормалната побарувачка на вода, се зголемила потрошувачката за време на овие летни горештини, бидејќи просекот изнесува 200 л/с, а дополнително прилепчани трошат повеќе вода за време на викендите. И, покрај непреченото водоснабдување во сите делови на градот, од ЈКП Водовод и Канализација-Прилеп апелираат водата за пиење рационално да се користи и да не се употребува за полевање на бавчи и миење на дворови.

Би можело да ве интересира

Во аптеката на ВИВАФАРМ 2005 промоција на француската козметика Уриаж

Гордана Цветаноска

На принцип „состави сам“ средношколци креираа протеза рака, достапна за сите лицата кои имаат недостиг на рака

Елизабета Филипоска

Уште пет дена изборна кампања -во вторник молк – среда се бира претседател и кој ќе биде во идниот парламентарен состав

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе