7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Субвенции за до 9 месечно складирање на пченицата и јачменот

На денешната седница Владата донесе интерветна мерка од Законот за земјоделство и рурален развој за складирање на пченицата и јачменот. Со интервентната мерка се обезбедува поддршка на земјоделците за складирање на јачменот и пченицата во рок од девет месеци, а претходно оваа поддршка траела два месеца. Со тоа се овозможува субвенционирање за складирање на пченицата и јачменот во складишните капацитети од девет месеци, што значи 120 денари по тон, од месец. Оваа поддршка се однесува на сите земјоделци кои сакаат да ја користат.

Оваа мерка е преку Програмата за директни плаќања, а е со цел на земјоделците да им се обезбеди  поголема сигурност и да ги продадат пченицата и јачменот тогаш кога сметаат дека се најдобри откупните цени.

Би можело да ве интересира

Jа нападнал сопругата, употребил тврд предмет

Пела Редакција

Утре,вторник, без струја неколку улици

Елизабета Филипоска

Краткотрајно невреме со пороен дожд и град во Пелагонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе