10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Силен пожар на територијата на Кривогаштани

Околу 14.00 часот изби силен пожар на територијата на Општина Кривогаштани, помеѓу с. Подвис и с. Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија.

Во гаснењето учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево.

Еден полициски хеликоптер полетал и дејствувал, иако претходно немаше дозвола за летање поради надоаѓањето на невреме.

Хеликоптер од типот „Белл 212“ денеска делуваше во 45 налети и исфрли 40 тони вода во гаснењето на пожарот во општина Кривогаштани. Заедно со пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево,  пожарот е ставен целосно под контрола, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминацијат

Граѓаните повторно затекнати, градежни работи на патoт Прилеп-Крушево

Пела Редакција

Донација на дидактички помагала за сензорната соба во градинката “Весело Штркче” во Обршани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе