16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Пожар во индустриска зона во Прилеп, кај Студенец и Дервен фатени дрвокрадци

Вчера (29.08.2023), по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Прилеп во содејство со Шумската полиција од Прилеп во околината на местата викани „Студенец“ и „Дервен“ пронашле три патнички моторни возила и три запрежни коли натоварени со дабово и буково огревно дрво. Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.08.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во индустриска зона во Прилеп настанал пожар на стрниште, кој се проширил и зафатил две патнички возила. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Би можело да ве интересира

Донесен буџетот за 2018 на општина Новаци

Сообраќајна несреќа кај с.Мажучиште на патот Прилеп-Македонски Брод

Октет Прилеп вечерва ќе одржи годишен концерт

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе