Од денеска, нема носење на мобилни телефони во основните училишта. Но, ќе има и ограничено користење на телефон и за на наставниците. За секое прашање поврзано со ученикот, секој родител ќе има телефонски број од класниот раководител, стручна служба, директор
Во соопштенито на диркеторот Ахил Јаков од ООУ Климент Охридски се вели
Соопштение до сите ученици што учат во ООУ”Климент Охридски” Прилеп
По упатството на Министерството за образование и наука,исто така целосната поддршка на Локалната самоуправа и градоначалникот,едногласно усвоена на наставнички совет на училиштето.ООУ “Климент Охридски” Прилеп им соопштува на сите ученици од прво до деветто одделение дека од 4.09.2023 год стапува во сила апсолутна забрана на носење телефни во рамките на училиштето, и ограничено користење на телефон на наставниците.Секој родител ќе има телефонски број од класниот раководител,стручната служба и директорот за било каква потреба од ученикот.Ова соопштение треба да се сфати за сериозно,бидеќи секој телефон откриен во рамките на училиштето ќе биде одземен и вратен до крајот на учебната година.
Со почит
ООУ “Климент Охридски” Прилеп
Крвавите настани во Србија со убиство на ученици од ученици во мај оваа година воведоа нови правилна на однесување во училиште со единствена цел безбедноста на ученците и нивната заштита од виртуелниот свет кој ги одалечува од реалниот. Прилепчани, тогаш преку анкета побараа забрана на користење на мобилен телефон во училиштата.Поддршката на иницијативата за ограничувањата/забрана за користењето на мобилните телефони тогаш веднаш пристигна од директорот на ООУ „Климент Охридски“ Прилеп, Ахил Јаков.