1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Локализиран пожарот кај с. Мало Рувци

Пожарот кој вчера попладне во зафати с. Мало Рувци и порди силниот ветар премина во селата: Старо Лагово, Штавица, Марул, Шелеверци и Канатларци е локализиран,но сеуште под контрола.

ТППЕ -Прилеп , доброволци, екипи од Јавните комунални претрпријатија неколку часа се бореа со огнената стихија, каде гореше сува трева .

Доцна синоќа,градоначалникот на Прилеп го повика и Општинскиот кризен штаб за  координирација во акциите за гаснење на овој пожар и упати апел во кој ги предупредува граѓаните да внимаваат кога се движат на отворено.

Почитувани сограѓани гласно АПЕЛИРАМЕ ДА НЕ СЕ ПАЛИ ОГАН ВО ШУМИ, ДА НЕ СЕ ПАЛАТ СТРНИШТА ИЛИ ДРУГИ ПОВРШИНИ!  Мораме да се однесуваме совесно  и одговорно кога се наоѓаме на отворен простор, да не се пали оган на отворено и да не се користат запаливи средства , за да вакви, несакани  последици „,вели Јовчески

Доцна попладне, околу 16,оо часот, во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожар кај село Мало Рувци, кои поради силиот ветар добил брза динамика на ширење. Според искази на жители, во с. Мало Рувци од пожарот изгореле две куќи и трпезаријата од селската црква. Од ТППЕ Прилеп велат дека пожарот е локализира ,но е сеуште е под контрола.

Би можело да ве интересира

Нов крст на кровот на прилепскиот храм Св.Благовештение

Елизабета Филипоска

УТРЕ, САБОТА, КУПЕТЕ КОЛАЧИЊА И ДОНИРАЈТЕ ЗА ПОМОШ НА 13 -ЕСЕТ ГОДИШНАТА ВИКТОРИЈА

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО + фото) И, голобради момчиња го спасуваа “огнено“ Мариово

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе