На 67 години, денеска почина актерот, Лазе Манасков, македонскиот актер кој остави длабока трага на македонската сцена.
“На 67-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков,” објави неговата матична куќа Драмски театар од Скопје, каде што го помина целиот работен век.
Неговата плодна актерска дејност, остави траги во македонското глумиште, преку многубројните улоги на театарската сцена и кариера на филм и телевизија. Глумеше во филмовите „Големата вода“, „Сенки“, „Исцелител“, „Врба“, „Хомо“ и „Кајмак“, како и во ТВ-сериите „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Фамилијата Марковски“, „Бистра вода“ ..

