1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Пензионерски револт, песна, оро и поддршка од хрватските колеги

Заполшки мост денеска беше блокадата на сообраќајот во знак на револт на прилепските пензионери кои бараат линеарно зголемување на примањата за достоинствен живот. Велат дека е нехуман игнорантскиот однос на Владата и ресорното министерство бидејќи нивните барања се за минимално покачување на пензиите. Инфлацијата ги „изеде“ тие 3 500 денари кои првично ги бараа пензионерите, сега велат дека линеарното зголемување треба да изнесува 5 000 денари, средства кои значат опстанок за оние кои имаат ниски примања.

Протестите денеска започнаа од 11 часот во траење од 1 час, при што сообраќајот беше во прекин во двата правци. Трпеливо возачите чекаа да прекине блокадата, но група хрватски пензионери кои биле упатени кон Крушево им се придружија на своите прилепски колеги со поддршка за протестот:

  • Јас сум Рафит Реџепоски, бев вработен во 11 Октомври Еурокомпозит. До пред 1 месец земав 10 400 денари. Сега земам 11 800,  плус 2 000 земам од Австрија за година и половина стаж. Не сум задоволен од државата, некој зема со 15 години стаж поголема пензија од мене, а јас имам 30 години стаж. Меѓутоа имам 3 000 ден.  за лекарства месечно, а тој неизбраниот премиер, да го опоменам да земе во предвид овие нашиве граѓани кои што се под лекарства и ред други работи да преземе мерки, а не да крадат таму цитостатици и ред други работи. Линеарно нека биде зголемувањето, како за сите така и за мене, меѓутоа треба државата да биде коректна према сите пензионери. Премиерот да се предомисли и да преземи мерки за овие пензионери кои што висиме на стап секој ден гледаме да се обесиме.
  • Милица Крстеска, имам работено во Билјана, со 35 години стаж земам 15 000 ден, давам за лекарства над 2 000  и се’ што треба да се плати. Не се издржува. баравме линеарно зголемување  од 3 500 ден, не ги дадоа и веќе ги изеде инфлацијата, сега бараме 5 000 денари, незнам дали ќе ги дадат, a воопшто нема слух Владата за нас и ние не можеме да издржиме, а тие луѓе што имаат 15 години стаж не се виновни тие беа избркани од претпријатијата инаку ќе си работеа сеуште .
  • Пензионер со 25 години работен стаж имам само 15 илјади денари пензија, а земам и 4 илјади и од странство и тие додатоци што треба да ги примам до 12 илјади не ми ги додаваат.
  • Вработен бев во Политекс, ми скинаа 5 години стаж. Ми дадоа пензија од 7150 денари, дојдовме до 13 илјади за овие 14 години. Сам сум пензионер со болна жена, болен и јас инвалид и не можеме да опстаниме. Одиме бараме секаде никој не се прави жив. Во Скопје одиме не’ одбиваат и претседателката и министерката сите не’ одбиваат.

Хрватската група пензионери туристи кои дојдоа да дадат поддршка велат дека и таму тешко се живее со пензијата, но можат да си дозволат за вакви туристички патувања:

  • Ние сме една група повеќето пензионери од Република Хрватска. Наша среќа што имаме некои дополнителни приходи, па можеме да си дозволиме еден ваков излет. Затанавме да дадеме поддршка на пензионерите  од Македонија зашто и тие како и ние тешко живеат. Во просек земаме околу 500 евра пензија со која може многу тешко да се живее. Но кај нас е многу тешко да се поттикнат и организираат пензионерите на протести. Сега сме поттикнати со вас и се надевам дека и ние ќе се обидеме да организираме нешто зашто има луѓе кои навистина тешко живеат и на работ на егзистенција .
  • Голема поддршка на пензионерите од Македонија, оти и ние сме пензионери. Но имаме малку подобри пензии и можеме да патуваме, му благодариме на господа.  Сакаме и вие да доживеете како и ние малку да патувате во вашата убава држава Македонија.
  • Велат дека на младите светот останува, но светот опстанал благодарение на пензионерите. Сакам да биде пензијата голема 600 невра за нормален достоен живот кој што работел цел живот.

 

Би можело да ве интересира

Kоја заштита е потребна на тутунскиот расад од снег и мраз ?

Гордана Цветаноска

Во Прилеп нема новозаболени, а оздравеле двајца

КУПИ И ПОДАРИ ОБРОК-НАХРАНИ СЕМЕЈСТВО, хуманитарна акција на прилепските Лајонси и ресторани

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе