Се намалуваат линиите со воз од главниот град кон ( Прилеп) Битола. Возовите од Скопје кон Битола и обратно, ќе сообраќаат само еднаш дневно. Ова ќе стапи на сила од среда.
Од 25 октомври се укинуваат по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје.
Патниците од среда ќе користат само возовите кои ќе поаѓаат од Скопје во 14:30 часот и во 03:13 часот, од Битола кон Скопје.
Железници на нивната официјална страна без да наведат подетални информации објавија дека овие измени ќе важат до нивно отповикување.
Македонија не може да се пофали со конфорен и брз железнички сообраќај. И во минатото често се случувале да има прекини, расипување на возот по пат, односно патувањето до Битола се случуваше да трае со часови.