2.9 C
Прилеп
сабота, 4 јануари, 2025
Пела Радио

„Кино љубов“ премиерно во Мис Стон во Прилеп

„Кино Љубов“ во режија на Јани Бојаџи е најновиот македонски филм, кој премиерно ќе биде прикажан на 7 ноември /вторник/ од 19.30 часот во кино Мис Стон. Се работи за 93 минутна драма во која играат Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Благоја Чоревски…

Во филмот станува збор за  Коста кој е актер кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Дополнително на се’, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Така доаѓа на идеја да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И решава да земе заем од неговиот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семјеството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања кои завршуваат со бомба која под колата на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата .

Влезниците по цена од 150 денари ќе се продаваат вторник од 10 до 13.00 ч. и два часа пред проекцијата на филмот.

Би можело да ве интересира

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ! Магла со видливост до 50 метри има во Прилеп, Битола, Кичево и во Македонски Брод

Пела Редакција

Прв меморијален шаховски турнир “МАТ”, учествуваа над 120 шахисти

Гордана Цветаноска

Смилеска: Прилепската болница наскоро добива апарат за магнетна резонанца

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе