11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепскиот театар со „Декамерон“ го отвора 48 издание на МОТ во Скопје

Со претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински вечерва во 20.00 во МКЦ се отвора 48 – то издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар – МОТ.

„Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на потребата за живот. Животот радоста и среќа, овде и сега“ – изјавува режисерот Кочовски кој „Декамерон“ го постави на сцената на театарот во 2022 година.

Радоста за вечерашната премиера во рамки на МОТ не ја крие комплетната екипа.

„Декамерон за мене значи целосно препуштање, или можеби беспоштедно согорување. Таа претстава ни дозволи да се изразиме на некакво интуитивно ниво. Кога работите со толку обемна материја која изобилува со разноликост, со толку различни ликови и ситуации, неизбежно ќе наидете на контрадикторности. Тука нема простор за мудрување, едноставно – се препуштате. Затоа во оваа претстава, човекот има толку многу лица, и суров е, и безмилосен, и ноншалантен, но и сочувствителен и бескрајно благороден по дух; и кревок – и нескршлив. Сето ова од една страна обеспокојува, дури и длабоко потресува, а од друга страна, сепак – успокојува, вели Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, драматург на „Декамерон“.

Млад отворен театар – МОТ, по вечерашната премиера нуди 29 театарски настани, претстави, работилници, промоција на книга и мастерклас, кои ќе се одвиваат на сцените на МКЦ од 8 до 18 ноември.

Би можело да ве интересира

Да ги заштитиме најмладите – Внимателно со новогодишните пакeтчиња и безбедност на продуктите во нив

Пела Редакција

Општина Прилеп ги награди најуспешните ученици од основните и средните училишта

Гордана Цветаноска

Вечер на унгарски песни и танци на платото пред Цепенков

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе