5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Трибина на тема: Што е тоа културно наследство?

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ Прилеп од 17 часот ќе се одржи трибина на тема „Што е тоа културно наследство?“ на иницијатива на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС.

Во последните неколку години, зборот културно наследство сè почесто се користи во секојдневниот дискурс од страна на овластени институции кои се залагаат за негова заштита, но и од страна на индивидуалци кои појавуваат интерес кон оваа проблематика. Културното наследство станува важна тема, не само во Македонија, но и во Европа, каде што постојат бројни фондови кои финансираат проекти поврзани со негова заштита и промоција, посочуваат од здружението ВУЛГУС.

Трибината на тема „Што е тоа културно наследство?“ има за цел да ја зголеми видливоста за концептот нематеријално културно наследство преку предавање кое се фокусира на разјаснување на термините и видовите на културно наследство, Конвенцијата за заштита на културното наследство на УНЕСКО од 2003 година, репрезентативните македонски примери впишани во УНЕСКО, националниот регистар на нематеријално културно наследство, начинот на аплицирање за листите на УНЕСКО, додека публиката ќе има и простор да поставува прашања поврзани со оваа тематика.

Би можело да ве интересира

Прилепчани се повозија со првиот електричен автобус

Елизабета Филипоска

Рекреативна трка „Прилеп трча” – вечерва се трчаше низ прилепските улици

Елизабета Филипоска

Комуналците одсега ќе менуваат и улични сијалици

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе