24.4 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

(ФОТО)Краделе дрва, па се обиделе да прегазат полицајци

Дрвокрадци во прилепско синоќа предизвикале судар со службено возило на шумската полиција, информираше на социјалните мрежи заменик-директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.

Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.

На 25.11.2025 во 22.30 часот, во ОВР Прилеп Р.М. од Прилеп  пријавил дека на стариот патен правец Прилеп – Велес кај мeсто викано Дервен, пријавителот вработен како шумски  полицаец заедно со неговите колеги, затекнале две возила кои вршат бесправен транспорт на огревни дрва и при обид да ги стопираат истите се обиделе да ги прегазат, при што удриле во нивното службени возило и избегале. Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, лицата биле пронајдени и приведени во полициска станица Прилеп при што е утврдено дека се работи за  Е.А. и М.А. двајцата од Прилеп и по документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Одбележувањето на двата историски Илиндена под посебни услови

Пустец се солидаризира со своите сограѓани погодени од разорниот земјотрес

(ВИДЕО)Оперативниот план за вработување 2025 претставен во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе