7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Перо Стојкоски „посилен“ од Институтот за тутун

Министерот Љупчо Николовски, на 23 ти ноември лично ги додели договорите за користење на средства од Националната рурална мрежа. На специјален настан беа врачени вкупно 26 договори за 33 активности за што информираше министерот Николовски на социјалната мрежа ФБ . Од Прилеп според листата на добитници на средствата се три субјекти: Асоцијација на земјоделци и фармери, РСЗ Клас и Научен Институт за тутун. Најголем дел од средствата во висина од 1 милион и 200 илјади денари или 20 илјади евра одат во две асоцијации кои ги води еден човек Перо Стојкоски, а се наменети за две студиски патувања и две работилници. Според јавно достапниот документ достапен овде  за сите четири активности овие две организации онолку колку што побарале средства – толку им биле одобрени од страна на министерството:

  • Асоцијација на Земјоделци и фармери Прилеп за „Студиско патување во Софија Р.Бугарија средба Асоцијација на земјоделци и фармери Прилеп со Асоцојација на земјоделци од Софија“ побарала 224,000 и добила 224,000;
  •  РСЗ – КЛАС – Прилеп за Студиско патување во Р. Србија со посета на земјоделски здруженија за размена на искуства и добри практитки за фармерство – крупна стока, вмрежување и соработка на повеќе полиња побарала 225,000 и добила 225,000 денари;
  • РСЗ – КЛАС – Прилеп за работилница „Аспекти меѓу кои и поддршката во облик на субвенции и инвестиции и примена на добри практики и обуки“ побарала 375,000 и добила 375,000 денари;
  • Асоцијација на Земјоделци и фармери Прилеп за работилница на тема: „Како да се унапреди земјоделството со посебен акцент на поледелството субвенции дополнителни субвенци, авансна исплата, поголемо вклучување на младите во земјоделството“ побарала 376,000 и добила 376,000 денари.

Средствата од договорите се веќе одобрени, а треба да се реализираат од крајот на февруари до почетокот на април 2024 година.

За разлика од овие две асоцијации од Прилеп Научниот институт за тутун за „Студиско патување во Пловдив во аграрниот универзитет во Пловдив, Бугарија, потпишување на меморандум за соработка помеѓу Аграрниот универзите во Пловдив и Универзитет св.Климент Охридски Битола“ побарал  554,040 денари, а им биле одобрени 506,660 денари.

Средствата од овој јавен повик се наменети за формирање и заживување на Националната рурална мрежа, односно за поддршка на предлог активностите, преку аплицирање по мерка 3 “Активности на Националната рурална мрежа” од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.

Активностите на Националната рурална мрежа се содржани во Акцискиот план кој се донесува од страна на министерот. Врз основа на Акцискиот план на НРМ се подготвува годишен план за спроведување на истиот. Годишниот план за спроведување на активностите од Акцискиот план на НРМ го спроведува Секретаријатот и членовите на Националната рурална мрежа, а контролата за спроведување на активностите ќе ја врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Националната рурална мрежа е формирана 2022 година и во неа членуваат 371 субјекти, поделени во четири организациски групи: јавен сектор, правни лица, граѓанскиот сектор и локалните акциски групи.

Би можело да ве интересира

Тројно зголемен бројот на интервенции и повици во прилепската Брза помош

Гордана Цветаноска

Економскиот факултет Прилеп одбележа 60 години од постоењето

Гордана Цветаноска

Тутунарите бараат средба со Заев

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе